УТРЕ СЕ ОДРЖУВА РАБОТИЛНИЦА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ОДЛУЧУВАЊЕТО ВО КОМПАНИИТЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

16.10.2013 

WIM-logo

“Вклучување на работниците за подобар и одржлив менаџмент во компаниите во Македонија“ е тема на работилницата што ќе се одржи на 17 октомври во ССМ. Организатори на работилницата, која се одржува рамките на Регионалниот проект “WIM“, се Сојузот на синдикатите на Македонија, Бизнис конфедерацијата на Македонија и Здружението на работодавачи на Словенија “ZDS“.

На работилницата ќе бидат презентирани практики и примери на подобрување на социјалниот дијалог во Македонија и ќе се зборува за перцепцијата на социјалниот дијалог од аспект на работодавачите и на синдикатите. Исто така ќе се врши споредба со социјалниот дијалог во Словенија и во европските земји и ќе се разгледува европската легислатива за социјалниот дијалог и за работничките совети. На собирот посебно ќе бидат презентирани резултатите од спроведеното истражување.

Регионалниот проект “WIM – Вклучување на работниците за подобро и одржливо управување на претпријатијата во Словенија, Македонија, Црна Гора и Србија“ започна на 5 февруари 2013 година и трае во текот на целата година. Партнери во проектот се синдикати и организации на работодавачи од Македонија, Словенија, Србија, Црна Гора и Австрија, додека проектот се реализира со поддршка на европскиот социјален партнер “BUSINESSEUROPE“.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ СЕ ПРЕЗЕНТИРАНИ ВО БАНЕРОТ “WIM“ НА ИСТИОВ ПОРТАЛ

НА ИСТОТО МЕСТО Е ОБЈАВЕНА АГЕНДАТА ЗА РАБОТИЛНИЦАТА НА 17 ОКТОМВРИ

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc