ПРОДОЛЖУВААТ РАБОТНИТЕ ПОСЕТИ НА РАКОВОДСТВОТО НА ССМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

14.10.2013 

14.10.2013 foto1Во разговор со генералниот директор Костадин Барзов и со работниците - претседателот Митревски порача дека претпријатијата од регионот треба да го следат позитивниот пример на “Баргала“

Во рамките на своите редовни работни посети раководството на ССМ на 10 октомври престојуваше во Регионалното синдикално претставништво на ССМ во Штип. Посетени се повеќе претпријатија, при што беше направена анализа за почитувањето на Законот за минимална плата.

Исто така со претседателот на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија Анѓелко Анѓелковски е посетена Фабриката за чевли АД “Баргала“.

Задоволство е што “Баргала“ е навистина пример за начинот на реализација на социјалниот дијалог меѓу работодавачот и синдикатот. И тоа посебно до делот на она што значи потпишување колективни договори, почитување на мерките за безбедност и здравје при работа, редовна исплата на плати, редовно функционирање на Предлог – мерките за безбедност и здравје кои ги имавме летово и кои ќе ги имаме во текот на зимата, изјави преседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски при посетата на АД “Баргала“.

Претседателот Живко Митревски истакна дека ова е редовна посета на една од општествено најодговорните компании во земјава, која има синдикална организација. Со синдикатот и со раководството на “Баргала“ е разговарано и за претстојните преговори и мерки за потпишување на Општиот колективен договор за стопанството.

Митревски порача дека во фабриките каде што има синдикат се почитуваат правата на работниците во сите сегменти и апелираше и останатите компании во Штип, но и во регионот, да почнат со формирањето на синдикални организации, затоа што со формирањето на синдикалните организации се брани достоинството на трудот, а работниците се заштитени.

-Можам да упатам уште една порака. Примерот на “Баргала“ е позитивен пример, од исклучително значење за овој регион, во однос на заштитата на работниците и во однос на платата. Позитивниот пример пример треба да го следат и другите работници од останатите конфекции од регионот и да формираат синдикални организации, порача Митревски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc