ОФИЦИЈАЛНО ЗАТВОРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

27.09.2013 

27.09.2013-foto1

Во рамките на Проектот за модернизација на Агенцијата за вработување вчера на “Скопски саем“ се одржа завршниот собир на тема “Понатамошна модернизација на Агенцијата за вработување“.

Проектот се однесува на натамошна модернизација и подготовка на АВРМ, за да може да одговори на барањата поврзани со пристапувањето кон ЕУ и на европската политика за вработување

Основните цели на проектот се подобрување на квалитетот и ефикасноста на услугите обезбедени за лицата кои бараат работа, како и за работодавачите од страна на АВРМ, намалување на невработеноста и спречување вработените лица да станат невработени, зајакнување на капацитетите на АВРМ и справување со новите предизвици на јавните служби, додека една од генералните цели е раст на вработеноста во Европа.

На средбата присуствуваше претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, кој е член на Управниот одбор на проектот.

Овој проект придонесе за модернизација и институционален развој на Агенцијата, а со тоа и зајакнување на капацитетите на вработените во Агенцијата, со цел поголема подготвеност на Агенцијата за вработување во исполнување на целите од Европската стратегија за вработување. И овој проект, како и претходните, придонесе за модернизација, прилагодување на промените и справување со предизивиците на пазарот на трудот, организација и квалификација на структурите, зајакнување на раководството и човечките ресурси. Активностите во рамките  на проектот придонесоа за подобрување на квалитетот, ефикасноста и ефективноста на услугите кои им ги обезбедува Агенцијата на невработените лица и работодавачите, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Тој додаде дека начинот на организирање и функционирање, посветеноста и капацитетите на вработените во Агенцијата и нивната подготвеност да одговорат на промените и предизвиците, соработката со Министерството за труд и социјална политика, како и со останатите органи и институции, се многу значајни аспекти од кои зависи квалитетот на услугите што се обезбедуваат за невработените лица и работодавачите.

Инаку проектот е финансиран од Европската унија во рамките на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА компонента IV). Вредноста на проектот е 1.375.500 евра.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc