ВТОРА СРЕДБА НА СГИП СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД КОМПАНИЈАТА АКТОР

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

26.09.2013 

26.09.2013 foto1

На ден 20.09.2013-та година претставници од СГИП и BWI остварија втора средба со компанијата АКТОР, главниот изведувач на Коридор 10 во Република Македонија. Со оваа посета СГИП и BWI продолжуваат активности за зачленување на нови членови, но со посебен акцент за работниците ангажирани на овој проект и нивно информирање за најосетливата област при работа односно безбедноста и здравјето при работа. Во тој контекст на 20-ти Септември 2013-та година по барање на СГИП се направи посета на дел од трасата (автопат-делница Демир Капија-Смоквице). На оваа посета присуствуваа Благуна Стојкоска – Секретар на СГИП; Иван Пешевски – Асистент на Претседателот на СГИП; Крсте Мицевски – Координатор за безбедност и здравје при работа на СГИП; Стојко Мурџевалевски – Регионален претставник на ССМ – Кавадарци; Душко Бошковиќ – Претставник за безбедност и здравје од Синдикатот “Путари”- Србија; Домагој Фербедар – Претставник за Југоисточна Европа од Светската организација за градежништво и дрвна индустрија -  BWI, Проектниот менаџер на АКТОР и Стручното лице за безбедност и здравје при работа во АКТОР.

Од страна на СГИП беа презентирани кои се правата од работен однос што треба да ги имаат работниците  и зошто им е потребно да се членови во синдикатот. Присутните беа запознаени за безбедноста и здравјето при работа како најважна тема за работата во градежниот сектор. За оваа проблематика СГИП отпочна кампања “Да градиме патишта без повреди и жртви” и изготви посебни флаери во кој се опфатени сите елементи од нискоградба на кои треба да внимаваат вработените како и особено внимание за личната заштитна опрема и правата од работен однос. Она што е најважно за работата на СГИП и Светската организација за градежништво и дрвна индустрија - BWI  е тоа што ќе се продолжат активностите на овој објект и во иднина, што беше договорено и заклучено од двете страни. За таа цел СГИП ќе продолжи соработка со Министерството за финансии, Европската банка за обнова и развој, Агенцијата за државни патишта како и до Министерството за труд и социјална политика со барање за посебен инспектор за безбедност и здравје само за овој објект.

26.09.2013 foto2

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc