ОСВРТ - КРУПНА ПОБЕДА ВО ДЕЛОТ НА ЗБОГАТУВАЊЕ НА РАБОТНОТО ЗАКОНОДАВСТВО СО МЕЃУНАРОДНИ ТРУДОВИ СТАНДАРДИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

6.09.2013

Со задоволство би сакале  да Ве информираме дека уште една крупна активност на Сојузот на синдикатите на Македонија, заврши, а која во основа ке придонесе за зајакнување на меѓународните стандарди на трудот и во нашето работно законодавство.

Ратификувани се три темелни конвенции: Конвенцијата за трудова администрација, 1978 (бр.150), Конвенцијата за колективно договарање, 1981 (бр.154) и Конвенцијата за работни односи во јавните служби, 1978 (бр.151) што претставува верификација на заложбите на ССМ и активностите на кој ССМ беше посветен во изминатиот период.

Ратификацијата на Конвенцијата за трудова администрација, 1978 (бр.150) утврдува дека секоја земја што ќе ја ратификува оваа конвенција во согласност со националните услови и во рамките на системот за трудова администрација, осигурува консултации, соработка и пеговори меѓу јавните органи и најрепрезентативните организации на работодавачи и работници.

Ратификацијата на Конвенцијата за колективно договарање, 1981 (бр.154) утврдува дека одредбите на оваа конвенција се применуваат преку законите и други прописи, а исто така се превземаат и мерки за промовирање на колективното договарање во согласност со националните услови. Колективното договарање се проширува на сите преговори што се одвиваат меѓу работодавачот, група работодавачи или една или повеќе организации на работодавачи од едната страна и една или повеќе организации на вработени од другата страна

Ратификацијата на  Конвенцијата за работни односи во јавните служби, 1978 (бр.151) утврдува дека оваа Конвенција се применува на сите лица што се вработени од јавните органи, доколку на нив не се применливи поповолните одредби од другите меѓународни Конвенции за труд.

Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со другите социјални партнери во октомври 2012 година ја започна оваа активност со поднесување на Иницијатива за ратификување на Конвенциите:

  • Конвенција за колективно договарање, бр. 154 од 1981 година;
  • Конвенција за работните односи (јавна служба) бр. 151, од 1978 година и Препорака за работните односи (јавна служба) бр. 159, и
  • Конвенција за администрација на труд, бр. 150 од 1978 година.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc