ОБУКА НА ЛИЦА ЗА АНТИМОБИНГ ЗАШТИТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

3.09.2013

Средба на организаторите пред одржувањето на обукатаСредба на организаторите пред одржувањето на обуката

Потребно е дефинирање на некои содржини од законот, организирање обуки и вметнување одредби во колективните договори, беше кажано на денешната “Обука на лица задолжени за примена на Законот за заштита од вознемирување на работното место“.

На заедничката обука, што ја организираа Здружението на правници на Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи, присуствуваа голем број правници кои ја следат и оперираат со оваа материја.

Д-р Живко Митревски: Здравите односи во работните средини се услов за зачувување на угледот и привлекување странски инвестицииД-р Живко Митревски: Здравите односи во работните средини се услов за зачувување на угледот и привлекување странски инвестиции

Модераторот д-р Даница Миладинова  истакна дека постои потреба од обука за Законот за заштита од вознемирување на работното место. Сметавме дека ССМ, како иницијатор за донесување на законот, треба да биде коорганизатор на обуката. Инаку заклучоци од претходното советување за законот, што се одржа на 25 јуни, се дека материјата за мобинг треба да најде место во колективните договори, нагласи Миладинова.

Претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров предупреди дека законот по обем е мал, но е многу значаен. Иако можеби изгледа нелогично, како работодавачи го поддржавме донесувањето на законот, затоа што сметаме дека нерегулираната материја може да доведе до негативни последици во работните средини. Имено, подобро е односите да се уредат, отколку да се остави простор за разни злоупотреби.

 

 

 

 

Претседателот на ОРМ Ангел Димитров: законот по обем е мал, но опфаќа сложена и широка материјаПретседателот на ОРМ Ангел Димитров: законот по обем е мал, но опфаќа сложена и широка материја

Според Димитров најголем проблем е дефинирањето на мобингот и опфаќањето на сите случаи. Мобингот е широка категорија и законот не може да ги покрие сите пројавни облици. Исто така треба да се работи на утврдување на начинот на информирање на работниците и конечно да се најде форма законот реално да се имплементира.

Добро е што социјалните партнери го делеа истиот став и што резултат на соработката е донесувањето на посебен закон. Нормалната деловна клима и здравите индустриски односи се важни и од аспект на привлекување на странски инвестиции, нагласи претседателот на ССМ д-р Живко Митревски. Инаку се уште има голем број дилеми и прашања кои треба да се дефинираат. ССМ смета дека колективните договори се добар инструмент за допрецизирање и проширување на доста одредби околу мобингот.

Не смееме да дозволиме законот за остане само на хартија, предупреди претседателот Митревски. Факт е дека мобнгот е раширена појава во работните средини во Македонија  и треба да сториме се за практично заживување на законот.

 

 

 

 М-р Маја Ристова истакна дека е битно прашањето за изборот и критериумите за посредницитеМ-р Маја Ристова истакна дека е битно прашањето за изборот и критериумите за посредницитеМ-р Маја Ристова, правник во Експертскиот тим во Канцеларијата за заштита и едукација на жртвите на мобинг при ССМ,  зборуваше за разните аспекти и за последиците по здравјето поради изложеноста на психички притисоци. За ефикасна заштита се битни два елементи: повторувањето и траењето на притисоците. Отворено е прашањето за изборот на посредници, како и за критериумите за нивниот избор и за нивните карактеристики.

Советникот во Министерството за труд и социјална политика Стојан Трајанов, кој од неодамна е во пензија, нагласи дека по обем законот е мал, но опфаќа доста сложени појави. Меѓу другото значаен е и поради тоа што навлегува во интегритетот на самата личност.

 

 

 

 

 

 

 

Стојан Трајанов од МТСП предупреди дека главната цел на законите е превентивно дејствување, со цел да се избегнат судските процесиСтојан Трајанов од МТСП предупреди дека главната цел на законите е превентивно дејствување, со цел да се избегнат судските процеси

Трајанов додаде дека најголем дел од законот е насочен за заштита, но примарната цел е превентивно да се дејствува, со цел да не доаѓа до судски постапки, кои после го нарушуваат деловниот углед на работодавачите.  
Теофил Томановиќ, судија во пензија, зборуваше за конкретни недостатоци во законот, меѓу кои проблемот на опфатноста на вработените, споменувањето во законот на лица ангажирани со договор на дело, прашањето за сведоци за вршење мобинг, видовите тужби, прашањето на предупредување. На тоа се надоврза модераторот Даница Миладинова, која информираше дека Здружението на правници до Министерството за труд ќе достави предлози за изменување и дополнување на законот.

За практичните искуства од областа мобинг зборуваа Ана Ристовска и Сандра Липша, претставници на “Македонски Телеком“.

 

 

 

 

 

 

Сандра Липша, Ана Ристовска, д-р Даница Миладинова и Теофил Томановиќ на обукатаСандра Липша, Ана Ристовска, д-р Даница Миладинова и Теофил Томановиќ на обуката

Слушателите на ОбукатаСлушателите на Обуката

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На крајот на обуката организаторите на обуката, Здружението на правници, ССМ и ОРМ, на 60 учесници им доделија сертификати за учество на Обуката на лица задолжени за примена на Законот за заштита од вознемирување на работното место.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc