ПРВА СИНДИКАЛНА ШКОЛА НА САМОСТОЈНИОТ СИНДИКАТ НА РАБОТНИЦИТЕ ОД ЕНЕРГЕТИКА И СТОПАНСТВО НА РМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

30.08.2013

Претседателот Митревски информираше за формирањето Центар за обука и едукацијаПретседателот Митревски информираше за формирањето Центар за обука и едукацијаВо рамките на Синдикалните спортски игри, што во Охрид на 30 и 31 август ги одржува Самостојниот синдикат на работниците од енергетика и стопанство на Република Македонија (ССЕСМ), се одржа Првата синдикална школа на овој синдикат, на тема “Менаџирање на синдикална организација“.

Во рамките на предавањата се дискутираше за синдикалното лидерство и притоа беше разработен првиот модул за менаџирање на синдикалната организација.
Школата ја отворија претседателот на ССЕСМ Роберт Симоноски и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски, кој зборуваше за едукативниот концепт и за донесената Одлука за формирање на Центарот за обука и едукација.

Обуката на школата ја реализираа д-р Константин Петковски и м-р Анета Мајсторова Ивановска.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc