ПРОДОЛЖУВА РАБОТНОТО ЛЕТО ВО ССМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

27.08.2013

ПОСЕТА НА "11 ОКТОМВРИ – ЕУРОКОМПОЗИТ"

27.08.2013 foto1Средбата во прилепското претпријатиеПретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, д-р Живко Митревски, Претседателот на СИЕР, Пеце Ристески во придружба на Секретарот на Регионалното синдикално претставништво на ССМ во Прилеп, Лазар Ангелески реализираа работна посета во “11ти Октомври - ЕУРОКОМПОЗИТ“ АД Прилеп на ден 23.8.2013 година.

На работната средба за состојбите во овој субјект информираше директорот Никола Лучевски, а за состојбите во Синдикалната организација, Претседателот на СО, Бранко Чатлевски.

На работната средба претставниците од Синдикатот беа информирани за постапката околу објавениот тендер за продажба на ова претпријатие како едно од претпријатијата загубари и за интересот на партнерот во однос на тендерската документација.

Исто така, беше разговарано за состојбата со платите, остварувањето на здравствена и пензиска заштита и за најавениот процес на доброволно заминување на поголем број на работници.

На средбата беше заклучено дека сите овие процеси треба паралелно да се разгледаат од социјалните партнери на ниво на претпријатие, но и на повисоко ниво, се со цел ССМ, СИЕР и СО да бидат комплетно информирани за состојбите околу ова претпријатие.

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОСНОВАЊЕ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ ВО РЕСЕН

27.08.2013 foto2Панорама на Ресен

Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на ден 26 август 2013 година одржа работна средба во Локалната самоуправа на општина Ресен со градоначалникот на Ресен, м-р Ѓоко Стрезовски и претседавачот на Советот, д-р Менде Пашковски, во врска со иницијативата за формирање на локално екокномски совет (ЛЕС).

На средбата беше договорено да се организира и поширок состанок на кој ќе се дискутира за динамиката за формирање на ЛЕС Ресен.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc