ПРОДОЛЖУВААТ СРЕДБИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ И ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ГРАНСКИТЕ СИНДИКАТИ ВО СИНДИКАЛНИ ОРГАНИЗАЦИИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

09.08.2013
09.08.2013 foto1

Во рамките на агендата утврдена околу спроведување на мерките за БЗР, но и во врска со активностите на ССМ и синдикатите, во контекст на консултации за ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството, Претседателот на ССМ, Д-р Живко Митревски и Претседателот на АГРО синдикатот, Живко Даневски, во петокот, на ден 9.08.2013 год., одржаа работна средба во АД ЗК Пелагонија - Битола.

На работната средба од страна на претставниците на менаџментот беа презентирани активностите и преземените мерки од страна на работодавачот во поглед на спроведување на мерките за БЗР во контекст на остварување на жетвата во овој земјоделски гигант и за активностите на синдикалните организации на тој план. Беа презентирани производствените планови и остварениот успех за предвремено завршување на жетвените активности во земјоделскиот комбинат.

На заедничката средба беа потврдени традиционалните добри односи на релација синдикат – менаџмент и покрај промената на сопственичката структура на комбинатот, што претставува и потврда на континуитетот и традицијата на синдикалното организирање и остварување на социјалниот дијалог во овој комбинат.

Од страна на претставникот на ССМ беа образложени и активностите околу измените и дополнувањата на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството, при што е потенцирано значењето на потребата од континуитетот во остварувањето на работничките права и усогласување на текстовите со новата законска регулатива. На крајот на средбата, претставниците од ССМ и од АГРО синдикатот беа запознаени и со новините и воведувањето на новите технологии во остварувањето на производствениот процес.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc