WIM: "ВКЛУЧУВАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ ЗА ПОДОБРО И ОДРЖЛИВО УПРАВУВАЊЕ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА ВО СЛОВЕНИЈА, МАКЕДОНИЈА, ЦРНА ГОРА И СРБИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

WIM-logo20.12.2012–19.12.2013

Врз основа на резултатот на проектот и неговите активности за подигнување на свеста, социјалните партнери ќе бидат поинтензивно вклучени во националните дебати за модернизација на законот за вклучување на работниците. Проектот ќе придонесе за подобро прилагодување на законодавството од областа на вклучување на работниците и ќе има многукратен ефект врз владите и сите социјални партнери на национално ниво, вклучувајќи ги и другите синдикати.

Организациите на работодавачите и синдикатите што се вклучени во проектот, како и нивните членки, ќе ја зајакнат својата стручност и познавањата од оваа област. Подобрено знаење ќе им помогне на компаниите да се справува со вработените кои се вклучени во процесите на донесување одлуки и на тој начин ќе овозможи позитивен менаџмент на промените во регионот. Како резултат на проектот, очекуваме подобар и посилен бипартитен социјален дијалог и социјален дијалог на ниво на претпријатие, кој што е се уште недоволно развиен во вклучените земји-кандидати.

Активности

  • Прв состанок во Љубљана, 5 февруари 2013 год.
  • Истражување за вклучување на вработените во Македонија, Црна Гора, Србија, 1 февруари - 30 април 2013 год.
  • Студиска посета на Љубљана, 1 мај - 31 Мај 2013 год.'
  • Анализа на истражувањето и објавување, 1 јуни - 31 Август 2013 год.
  • Работилници за вклучување на вработените во Љубљана, Белград, Скопје, Подгорица, 1 септември - 31 октомври 2013 год.
  • Средби на партнерите во Љубљана и Белград, 1 Мај-31 мај 2013 год., 1 Септември - 31 Октомври 2013 год.
  • Завршна конференција во Љубљана, 1 ноември - 19 декември, 2013 год.

Партнери

Организации на работодавачи:

  • ZDS – Здружение на работодавачи на Словенија
  • BCM – Бизнис Конфедерација на Македонија
  • MEF – Сојуз на работодавачи на Црна Гора
  • UPS – Српско здружение на работодавачи
  • IV – Сојуз на австриски индустрии

Синдикати:

  • ZSSS – Здружение на слободни синдикати на Словенија
  • SSM – Сојуз на синдикати на Македонија
  • CTUM – Конфедерација на синдикати на Црна Гора
  • TUC NEZAVISNOST – Синдикална Конфедерација Независност

Со поддршка на организацијата на европскиот социјален партнер:

  • BUSINESSEUROPE

 

eu flagПроектот "WIM: Вклучување на работниците за подобро и одржливо управување на претпријатијата во Словенија, Македонија, Црна Гора и Србија" е кофинансиран од Европската Комисија.

 

ПРВ СОСТАНОК ВО ЉУБЉАНА

Во рамките на проектот WIM ("Вклучување на работниците за подобро и одржливо управување на претпријатијата"), партнерите од организациите на работодавачите и синдикатите од Словенија, Македонија, Црна Гора и Србија и Австрија се сретнаа на првиот состанок, на 5 февруари 2013 год. во Љубљана.

 

АГЕНДА ЗА РАБОТИЛНИЦАТА 17.10.2013

ИЗВЕШТАЈ ОД КОМПАРАТИВНАТА АНКЕТА

 

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc