ВО ПРИЛЕП ОДРЖАНА ТРИБИНА ЗА ЛОКАЛНИ ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛНИ СОВЕТИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

Денешната трибина во ПрилепДенешната трибина во Прилеп

Денес во Прилеп, во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија, со поддршка на Фондацијата “Фридрих Еберт“, се одржа Трибината “Локални економско–социјални совети – потреба, искуства и предизвици“.

Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски ја нагласи потребата од отворање дебата за институционализирање на социјалниот дијалог во локалните заедници. Една од приоритетните цели на советот е вработување млади кадри. Преку советите ќе се прави анализа на пазарот на трудот, потребите од вработувања, преквалификации за работници прогласени за технолошки вишок, креирање политика за вработување млади лица, додека социјалните партнери ќе даваат придонес за проекција, посебно на плановите за вработување, истакна Митревски.

Претставници на синдикатите, работодавачите и локалната самоуправаПретставници на синдикатите, работодавачите и локалната самоуправа

Организацијата на работодавачи ја претставуваше Орде Георгиевски од АД “Витаминка“ - Прилеп.

Социјално-економски совет на локално ниво, трипартитно тело што ќе го сочинуваат локалната власт, работодавачите и синдикатите како претставници на работниците,  треба да придонесе да се избалансираат односите меѓу локалната власт, фирмите и работниците.
Според претставниците од Фондацијата „Фридрих Еберт“ оваа панел-дебата треба да демонстрира постоење компромис за создавање на локални економско - социјални совети во сите градови до државата каде што и Синдикатите и работодавците и Владата ќе можат да дојдат до заеднички решенија кои ќе бидат позитивни за работниците.

Во Прилеп во јавниот и во приватниот сектор работат околу 15.000 работници.

Како што е познато, Сојузот на синдикатите на Македонија на Први мај 2013 година ја промовираше Кампањата за формирање локални економско – социјални совети. Совети се основани во пет градови: Кавадарци, Струмица, Штип, Куманово и Тетово, додека после почетокот на Кампањата, на 30 мај, е основан Локален економско – социјален совет на Битола. Во рамките на проектот на 12 јуни во ССМ се одржа Конференција за локалните економско – социјални совети, на која присуствуваа амбасадорот на САД Пол Волерс, градоначалникот Коце Трајановски и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. После два дена во Велес е одржана трибина за основање локален економско – социјален совет во градот.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc