ШКОЛА ЗА ЖЕНИ СИНДИКАЛНИ ЛИДЕРИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

15.06.2013

Претседателот Митревски со учесничките на средбатаПосле организирањето на Школата за млади лидери ССМ за прв пат организира и Синдикална школа за жени лидериНа 14 и 15 јуни во Охрид се одржа Школата за жени синдикални лидери. Школата е организирана од Фондацијата "Фридрих Еберт", додека учесници беа жените синдикалки од Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Унијата на независни и автономни синдикати (УНАСМ) и Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ).

Предавачи беа д-р Тодор Каламатиев, кој предаваше на темите "Трудовото законодавство и права од работен однос" и "Преговарање и склучување колективни договори". Во вториот дел предаваше Владо Караев од организацијата "Рубикон", на темите "Тимска работа" и "Синдикално лидерство".

Во склоп на собирот се одржа презентација "Позитивни примери на успешни жени во светот на мажите", на која настапија жени кои работат професии што се сметаат за исклучително машки.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc