АКАДЕМИЈА ЗА МЛАДИ СИНДИКАЛНИ ЛИДЕРИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

9.06.2013

Групата учесници е составена од по еден претставник од гранските синдикатиГрупата учесници е составена од по еден претставник од гранските синдикатиНа 8 и 9 јуни во Охрид се одржа семинар на тема “Младинско синдикално лидерство“, што е прва сесија на Проектот „Академија за млади синдикални лидери“. Проектот се одржува со помош на Фондацијата “Фридрих Еберт“ и наменет е за обука на младите синдикалци од ССМ, КСС, УНАСМ и ССНМ.

На првиот семинар предавачот д-р Константин Петковски ги запозна учесниците со целите на обуката, после што се продолжи со работилници и вежби. Групата учесници, составена од по еден претставник од сите грански синдикати, преку вежби и дискусии, ги обработуваа темите “Која е улогата на синдикалното организирање?“,  “Успешност, делотворност и плодотворност“, “Зошто е важно синдикалната организација да работи добро – успешно?“, “Креативноста како фактор за успешност“, “Некои од тајните на лидерството“, “Емоционална интелигенција“, “Комуникацијата и однесувањето како фактор за успешност“ и други теми.

Според предвидената агенда средбите ќе бидат спроведени од проф. д-р Константин Петковски и проф. д-р Тодор Каламатиев. Следните три семинари  и една панел дебата треба да се одржат во септември, октомври и ноември.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc