ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈАТА “ЛОКАЛНИОТ СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ ВО МАКЕДОНИЈА – ПРЕДИЗВИЦИ И ПОТРЕБИ“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

12.06.2013

Денешната конференција - сите страни оптимисти за проектот за основање локални економско – социјални совети Денешната конференција - сите страни оптимисти за проектот за основање локални економско – социјални совети Заедничко настојување на сите социјални партнери – Владата, работодавачите и синдикатите, како и на организацијата “УСАИД“, е развивањето на капацитетите и на социјалниот дијалог на локалните заедници. Оттаму цврстата заложба и оптимизмот за формирање на нови локални економско – социјални совети во Република Македонија.

Ове меѓу другото е кажано на Конференцијата “Локалниот социјален дијалог во Македонија – предизвици и потреби“, која денес се одржа во ССМ, во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија и на “УСАИД“.

На конференцијата присуствуваа, покрај домаќините од ССМ, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, амбасадорот на САД Пол Волерс, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров, претседателот на КСС Мирјана Андреска, претседателот на УНАСМ Слободан Антовски, претставници на “УСАИД“, Меѓународната организација на трудот и на други организации и институции.

Д-р Живко Митревски: заедничките заложби се знак на храброст и одговорност на социјалните партнериД-р Живко Митревски: заедничките заложби се знак на храброст и одговорност на социјалните партнери

На конференцијата претседателот на ССМ д-р Живко Митревски истакна: “Значењето на денешната конференција е повеќекратно, затоа што се одвива во услови на светска економска криза. Тоа покажува дека формирањето локални економско – социјални совети во Македонија е храбар чекор на социјалните партнери, кои со развојот на социјалниот дијалог ја покажуваат својата општествена одговорност. Познато е дека ССМ на Први мај ја промовираше својата Кампања за формирање локални економско – социјални совети.

Република Македонија направи исчекор во 2010 година кога се формираше Економско – социјалниот совет. Донесени се историски закони, како Законот за минимална плата, Законот за европски работнички совети, сега и Законот за мобинг. Усвоени се 19 европски директиви, што се чекори кон она што сите го посакуваме – влегување на Република Македонија во Европската Унија“.

Коце Трајановски истакна дека сите општини имаат анализи и стратегии за локалните економски состојбиКоце Трајановски истакна дека сите општини имаат анализи и стратегии за локалните економски состојби

Градоначалникот на град Скопје и претседател на “ЗЕЛС“ Коце Трајановски зборуваше за важноста на локалните власти во формирањето локални економско – социјални совети. Во 80 општини во државата постојат посебни структури кои имаат изработено анализи и стратегии за економската состојба, за потребите и перспективите, така што тие претставуваат стратешка база за ЛЕСС. Без квалитетна локална  аминистрација не е можно развивање на социјалниот дијалог и тој услов постои.

Амбасадорот на САД Пол Волерс – во поново време расте интерсот за основање на овие корисни институцииАмбасадорот на САД Пол Волерс – во поново време расте интерсот за основање на овие корисни институции

Амбасадорот на САД Пол Волерс ја истакна поддршката на Владата на САД и на организацијата “УСАИД“ со нејзиниот “Yes“ – проект за формирање ЛЕСС во Македонија. Позитивно е што во последно време расте интересот за постоење вакви институции. Изградбата на социјалниот дијалог не е лесна работа, затоа што се потребни постојани капацитети и висока јавна свест. ЛЕСС можат да бидат важни институции, затоа што своите потреби можат да ги искажат сите лица, без оглед на социјалните, етничките, половите и сите други разлики.

Министерот Диме Спасов ја потенцираше подготвеноста на Министерството за труд за обезбедување на секаква стручна соработка и помошМинистерот Диме Спасов ја потенцираше подготвеноста на Министерството за труд за обезбедување на секаква стручна соработка и помош

Социјалниот дијалог на локално ниво треба да ги развива сите форми  на дијалог, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Локалните економско – социјални совети можат да разрешат многу проблеми, посебно на анализирање на потребите на пазарот на трудот. Министерот ја потенцираше подготвеноста на Министерството за труд за понатамошна соработка и обезбедување стручна поддршка и помош.

Во текот на конференцијата беа извршени неколку презентации: “Презентација на активностите на локалните економско – социјални совети во Штип, Струмица, Куманово и Прилеп“, “Презентација на активностите на Националниот економски и социјален совет“,  “Презентација на резултати од Анализите на локалниот пазар на труд спроведени од ЛЕСС на општините Струмица и Тетово“, “Презентација на активностите на Агенцијата за вработување“, додека на присутните им се обрати Ѓорѓи Кушевски, директор на “УСАИД“ – проектот “Мрежа Yes“.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc