ОДРЖАНА СРЕДБА НА ССМ И ОРМ ОКОЛУ КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА ПРИВАТЕН СЕКТОР

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

7.06.2013

Разговорите меѓу ССМ и ОРМРазговорите меѓу ССМ и ОРМРаководството на Сојузот на синдикатите на Македонија, предводено од страна на претседателот д-р Живко Митревски и раководството на Организацијата на работодавачи, предводено од преседателот Ангел Димитров, заедно со работните групи вчера го разгледуваа Колективниот договор за вработените во приватниот сектор, во контекст на новините од работното законодавство.

На средбата беше разговарано за неговата примена, исплатата на плати и надоместоци, како и за состојбите околу неговата примена. Беше договорено двата партнери на следната средба да излезат со свои предлози околу Колективниот договор.

Од страна на ССМ беше презентиран ставот дека вкупното анализирање на состојбите околу Колективниот договор треба да биде во корелација со изградените ставови на Економско – социјалниот совет на Република Македонија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc