ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА ФОРМИРАЊЕ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ ВО БИТОЛА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

21.05.2013

Денешната средба кај градоначалникот: посебно внимание ќе се посвети на вработувањето млади лицаДенешната средба кај градоначалникот: посебно внимание ќе се посвети на вработувањето млади лицаДенес во Битола претседателот на ССМ д-р Живко Митревски и градоначалникот на Битола Владимир Талески постигнаа договор за потпишување спогодба за формирање на Локален економско – социјален совет во градот.

- Конечно го постигнавме договорот за потпишување спогодба за формирање локален енономско – социјален совет во Битола. ССМ оваа година ја посвети на една исклучително значајна кампања за креирање локални економско – социјални совети, како органи со советодавно – консултативна функција. Советите ќе бидат во функција на подобрување на социјалниот дијалог, креирање нови работни места, посебно за младите лица, идентификување на потребите на пазарот на трудот, посебно меѓу приватниот и јавниот сектор. Исто така цели се утврдување и правење соодветни анализи за потребите на образованието и утврдување динамика за преквалификација - истакна претседателот д-р Живко Митревски.

- Целта е да се создадат што поголем број работни места за нашите сограѓани. Работиме заедно со “USAID“, кои се практично дел од овој голем проект, и со Сојузот на синдикатите на Македонија, со нашиот регионален синдикат, односно Регионалниот синдикален совет на ССМ во Битола. Ќе согледаме аспекти кои сме ги споменувале на повеќе места и на повеќе начини, но сега сето тоа систематизирано ќе го правиме како еден вид програма. Повеќе би се заложиле за што поголем број вработувања, со можеби не којзнае колкави плати, но идејата е да се создадат можности за вработување на оние категории луѓе кои немале можност да се вработат  – објасни градоначалникот Владимир Талески.

На средбата од страна на ССМ присуствуваа секретарот на ССМ Анѓелко Анѓелковски, претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски и секретарот на Регионалниот синдикален совет на ССМ во Битола Симон Силјановски.

На средбата е истакнато дека Битола предничи во многу работи, посебно во развојот на социјалниот дијалог и во креирање локални економски политики. Најавено е дека потпишувањето на спогодбата се планира за крајот на месец мај.

Инаку ССМ на Први мај промовира Кампања за формирање локални економско – социјални совети. Досега вакви институции се формирани во Кавадарци, Куманово, Струмица, Тетово и Штип.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc