ПРИЛЕПСКИОТ СУД ЈА ОДБИ ТУЖБАТА ЗА НЕЛЕГИТИМНОСТА НА ШТРАЈКОТ ВО “МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

17.05.2013
Работниците на комбинатот при еден од штрајковитеРаботниците на комбинатот при еден од штрајковитеОсновниот суд во Прилеп донесе пресуда во корист на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) и Синдикалната организација на “Мермерен комбинат“ – Прилеп. Со пресудата се отфрлаат барањата на раководството на АД “Мермерен комбинат“ за прогласување на два штрајка за нелегитимни, како и за надомест на штета од 1,5 милиони денари, соопштуваат од Синдикатот СГИП.

Оваа одлука е од историско значење, затоа што за првпат во Република Македонија синдикат е тужен за организирање штрајк. Исто така ги охрабрува работниците своите права да ги остваруваат и преку штрајкови, доколку примарните средства, преговарање и договарање, не даваат резултати.

Барањата за двата штрајка во АД “Мермерен комбинат“, кои беа организирани минатата година, беа зголемување на платите, кои не се променети десет години, иако трошоците на живот се зголемени за 30 отсто и компанијата работи профитабилно. Менаџерскиот тим на компанијата реагираше со тужбени барања за нелегитимност на штрајковите и за претрпена штета поради прекините за време на штрајковите.

Од СГИП информираат дека продолжуваат активностите околу донесување колективен договор на ниво на работодавач. Синдикатот СГИП се надева дека со донесување колективен договор ќе се дорегулираат работните односи и ќе се отвори пат за дијалог со раководството околу сите прашања.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc