ИЗВЕШТАЈ НА МОТ ЗА ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ ВО МАКЕДОНИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

15.05.2013
MOT LOGOМеѓународната организација на трудот во својот Извештај за годинешната Меѓународна конференција на трудот во јуни во Женева посочува посебен простор за основањето и функционирањето на Економско – социјалниот совет во Република Македонија.

Националниот координатор за МОТ во Република Македонија Емил Крстаноски информира дека извештајот претставува пресек за состојбите со социјалниот дијалог во светот. Доставен е до сите 196 земји членки на МОТ и поставен е на агендата на Меѓународната конференција.

Го пренесуваме во целост делот на Извештајот за Република Македонија.

“Ревитализација на трипартизмот во поранешна Југословенска Република Македонија


Во август 2010 година, Економско-Социјалниот Совет започна да работи со нов состав и под нови прописи. Техничката помош на МОТ беше инструментална и за двата резултати.

По застапувањето и советодавните услуги обезбедени од страна на Канцеларијата, Законот за работни односи беше изменет во 2009 год., за да вклучи нови критериуми за репрезентативност на социјалните партнери, заедно со транспарентна постапка на сертификација.

Преку проект за техничка соработка, МОТ обезбеди технички совети, што доведе до признавање на два репрезентативни синдикати и на една организација на работодавачи. Составот на новиот ЕСС подобро ги одразува тековните индустриски односи.

МОТ ги олесни и придонесе со правни советодавни услуги за преговорите за новите трипартитни договори со кои што се уредува организацијата и функционирањето на ЕСС.

Договорот, потпишан во 2010 година од страна на премиерот и претседателите на повеќето организации претставници на работниците и на работодавачите на национално ниво, предвидува проширена улога на ЕСС, во согласност со меѓународните стандарди на трудот, како и обврска на Владата да побара мислење од ЕСС за широк спектар на прашања поврзани со работната сила, вработувањето и социо-економскиот развој и да обезбеди повратни информации за следење на мислењата на ЕСС, препораките и предлозите.

Од август 2010 год., ЕСС се среќава редовно, на секои два месеца. Во септември 2011 год. се согласи за националната минимална плата, која беше донесена од страна на Собранието, прв пат во 20 години.“

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc