ПРОМОВИРАНА КАМПАЊАТА ЗА ФОРМИРАЊЕ ЛОКАЛНИ ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛНИ СОВЕТИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

1.05.2013

На денешниот прес: ССМ има изградена и јасна стратегија по кој пат треба да се одиНа денешниот прес: ССМ има изградена и јасна стратегија по кој пат треба да се оди

Денес Сојузот на синдикатите на Македонија го одбележа Први мај во работна атмосфера, со промовирање на Кампањата за формирање локални економско – социјални совети.

По тој повод во 12 часот се одржа прес конференција, на која присуствуваа членови на Претседателството на ССМ, членови на Советот на ССМ, членови на синдикатите здружени во ССМ и други синдикални активисти, како и претставници на социјалните парнери.

Во исто време се одржани прес конференции во девет градови во Македонија – Битола, Прилеп, Велес, Охрид, Струга, Кичево, Делчево, Пробиштип и Гостивар.

Во Република Македонија локални економско – социјални  совети се формирани во пет  општини: Струмица, Кавадарци, Куманово, Штип и Тетово. Во сите овие совети ССМ има свои претставници. За наредниот период  се преговара и е најавено формирање на економско-социјални совети во: Битола, Велес и Скопје – општина Центар.

Од 2010 година ССМ празникот Први мај се одбележува работно, со започнување4 конкретни проекти. Во 2010 година ССМ одржа кампања под основното мото: „Зачлени се и запознај го твојот Синдикат“. Во 2011 година ССМ започна кампања под мотото: „Минималната плата – потреба и обврска за материјалната и социјалната сигурност на вработените“, додека во 2012 година се промовираше Иницијативата за носење посебен Закон за мобинг на Првомајската конференција, под мотото: „Да го заштитиме човековото достоинство со донесување закон за заштита од мобинг“. Оваа Иницијатива на ССМ е прифатена од страна на Економско-социјалниот совет и Владата на Република Македонија, додека ССМ понуди Предлог-текст на Законот за мобинг.

Во продолжение го објавуваме обраќањето на претседателот на ССМ д-р Живко Митревски на прес конференцијата.

“Сојузот на синдикатите на Македонија согласно своите стратешки  програмски  цели и определби, со цел да се воспостави социјален дијалог на локално ниво, оваа 2013 година, Меѓународниот ден на трудот, Први Мај ќе го одбележи со започнување на кампања за формирање на економско-социјални совети на локално ниво.

Празникот на трудот не е само еден ден, туку сите денови на годинатаПразникот на трудот не е само еден ден, туку сите денови на годината

Кампањата на ССМ ќе трае во текот на целата година, а ќе биде во насока на остварување на социјалниот дијалог и унапредување на економско-социјалните права на работниците.

Денеска сме тука со цел да Ве информираме дека европската практика на формирање на економско - социјални совети на локално ниво ќе биде имплементирана и во поголем број на Општини во Република Македонија. Во следниот период бараме да бидат вложени заеднички напори за реализација на оваа цел, односно социјалните партнери да потпишат спогодби за формирање на економско – социјални совети на локално ниво, кој ќе претставуваат место каде што ќе се сретнат мислењата на сите различни засегнати страни во Општината, и каде што ќе се изнаоѓаат  решенија кој што ќе придонесат да се подобри економската состојба во Општините.

Советот ќе има консултативно-советодавна улога, односно како трипартитно тело ќе ги разгледува економско-социјалните прашања, ќе дава свои мислења, предлози и препораки до Советот на Општината и до други органи, за одредени прашања од економска социјалната свера особено прашањето за  вработување на младите и зајакнување на суштинските врски помеѓу потребите на пазарот на трудот, на заедничките цели на социјалните партнери како што се:

  • воспоставување, поттикнување и развој на социјален дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласување на нивните различни ставови и интереси на локално ниво,
  • локалниот економско - социјален Совет ќе биде клучен во отпочнувањето и одржувањето на дијалогот помеѓу приватниот и јавниот сектор особено меѓу системот за образование и подршка, меѓу сите засегнати страни во заедницата кои што се заинтересирани за локалните економски активности и прашања поврзани со вработувањето,
  • воспоставување и зајакнување на врските помеѓу потребите на пазарот на труд дефинирани од страна на деловните субјекти и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем,
  • размена на мислења и информации и постигнување на согласност околу важни економско-социјални прашања од делокругот на локалната самоуправа и особено прашањето за подобрување на вештините за вработување на младите,
  • учество во креирање на Законски решенија кој влијаат на материјалната и социјалната положба на вработените, невработените, стечајните работници и работници технолошки вишок, пензионери, младите, жените и друго,
  • развивање на колективното договарање, преговарање и склучување на КД на ниво на претпријатија и установи,
  • следење и давање на оцени на влијанието на локалните политики врз економската и социјалната стабилност, развојот и животниот стандард.
  • следење на состојбата со вработеноста и предлагање на мерки
  • поттикнување на методи на мирно решавање на колективни и индивидуални работни спорови на локално ниво.

Една од обврските на централната и локалната власт е придонесот за јакнење на социјалниот дијалог како средство за постигнување на консензус за важни економско-социјални прашања во модерното општество базирано на пазарната економија и демократските односи. Тоа е основниот начин и модул преку кој им се овозможува на социјалните партнери да даваат значителен придонес со свои препораки, предлози, сугестии кој што придонесуваат за економско социјален развој. Дијалогот е секогаш потребен, бидејќи тоа е единствениот начин да се решаваат проблемите, како на централно , така и на локално ниво.“

Објаснувајќи ја платформата на ССМ и одговорајќи на прашањата на новинарите претседателот Митревски додаде дека во Македонија не се дозволија толку драстични влошувања како во други, поразвиени земји, каде висината на отпуштањата достигнаа до 30 проценти од вработените. Статистичките податоци укажуваат дека порастот на вработеноста во нашата земја е шест отсто, додека намалувањето е два отсто.
Уште еден феномен карактеристичен за наши услови е што, според податоците од 26.000 претпријатија, на над 10.000 вработени на одредено време работниот однос им е трасформиран на неодредено, со што тие добиле поголема животна сигурност.

Презентирани се податоци за правната заштита, според кои минатата година се поведени околу 2.800 постапки пред судовите, од кои околу 90 отсто се решени во корист на работниците. Од предметите 380 се за неисплатена плата, над 380 за доцнење на платата и одреден дел за исплата на придонеси.

Во однос на обвинувањата и нападите упатени деновиве до ССМ Митревски објасни дека проблемите не с ерешаваат со демагогии, протести кои траат еден ден и потпишување спогодби, како што е вчерашната спогодба на ССНМ, УПОЗ, Синдикатот на клинички и Синдикатот на дипломатската служба. За ССМ Први мај не е само еден ден, туку трае цела година. 

Исто така е направен е клучен исчекор во заштитата на одредени категории работници, посебно во делот на заштитата на работничка по основ на бременост, раѓање и родителство. Забранети се сите облици на дискриминација на работничката поради бременот, раѓање и родителство, без оглед на времетраењето и видот на работниот однос, заснован согласно закон. Кај оваа категорија се забрануваат сите облици на дискриминација на работничката, како во однос на пристапот кон вработување, условите за работа, и сите права од работен однос поврзани со состојба на бременост или користат права поврзани со раѓање, бременост и родителство.

Решен е и еден од деценските спорови поврзан со условите за пензионирање и остварување на правото на пензија кај рударите кои работат во рудници со подземен коп, со кој им се обезбеди право на намалување на старосната граница за стекнување на старосна пензија. Во Правилникот за утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, утврдени се дополнително нов број на работни места, повеќе од 20, кои имаат карактер на работни места со бенефициран стаж.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc