ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

Претставниците на наградените претпријатијаПретставниците на наградените претпријатија

Денес во хотелот „Александар Палас“ во Скопје Министерството за економија и Kоординативното тело за општествена одговорност ги доделија националните награди за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија за 2012 година.

Оваа година наградите за корпоративна општествена одговорност се доделуваат по шести пат, и тоа на големи, мали и средни претпријатија. Сојузот на синдикатите на Македонија учествува во Комисијата за односи со вработените. Инаку постојат следните категории: односи со вработените, етичко управување, односи на пазарот, заштита на животната средина и вложување во заедницата.

За оваа година националната награда е дел од Иницијативата поддржана од Европската комисија  “Европски систем за наградување на општествената одговорност на претпријатијата“. Со учеството на оваа иницијатива, која во Македонија ја спроведува Асоцијацијата за развојни иницијативи ’Зенит“, најдобрите практики на наши претпријатија ќе бидат претставени пред европската јавност. Тоа се две наградени претпријатија, “Раде Кончар - Сервис“, во категоријата  етичко управување, и “Млекарница Битола“, во категоријата вложување во заедницата. Партнерските проекти на овие две компании добија најмногу бодови од комисиите и тие ќе бидат претставени на европската церемонија на 25 јуни во Брисел.

“Раде Кончар – Сервис“ со Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи создаде “Регионален еконолошки центар за отстранување штетни состојки од трансформаторско масло“, што се случува за првпат на Балканот. “Млекарница АД Битола“, заедно со “Даму филантропија ЈИЕ Скопје“ реализира едукативни активности за поттикнување на хуманоста и помагање на заедницата во 150 градинки, со 10.000 опфатени деца. Тие деца изработија уникатни подраоци за децата згрижени во над 20 здравствени установи и установи за деца без родители.

Другите наградени претпријатија се “Македонски Телеком“ и “Т – мобиле“ во категоријата однос кон вработените, “Раде Кончар ТЕП“ во категоријата етичко управување, “КБ пензиско друштво“ и Цементарница “Усје“ во категоријата односи на пазрот, “Македонија турист“ во категоријата однос кон животната средина и “КА-ДИС“ во категоријата вложување во заедницата.

Покрај овие претпријатија 18 други практики добија плакети за успешно спроведени проекти.

Оваа година има досега најголем пријавени проекти, вкупно 66, и најголем број компании учесници во последните пет години. Над една третина од компаниите аплицирале за првпат. Државниот секретар во Министерството за економија Анче Трифунов рече дека ова е доказ дека се остварува една од целите, проширување на кругот на деловните субјекти кои настојуваат да работат одговорно кон животната средина и социјалното опкружување.

Оперативниот директор на делегацијата на Европската Комисија, Мартин Клауке, истакна дека ООП за Европа претставува формула за конкурентна, иновативна и социјално инклузивна Европа.

Претседателот на Координативното тело Александар Николов информираше дека над 70 отсто од апликациите компаниите ги имаат поднесено во партнерство со здруженија на граѓани, установи или државни органи, што покажува дека претпријатијата развиваат системски пристап кон општествената одговорност.
Целта на наградата е да се промовираат позитивни практики на општествено одговорно дејствување и да се испирира понатамошно унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата во Македонија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc