СОСТАНОК НА РЕГИОНАЛНИОТ СИНДИКАЛЕН СОВЕТ “СОЛИДАРНОСТ“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

17.04.2013
Состанокот на “Солидарност“ во СараевоСостанокот на “Солидарност“ во Сараево

На 15 април во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржа состанок на Регионалниот синдикален совет “Солидарност“.

На состанокот учествуваа лидерите и раководствата на синдикатите од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Сојузот на синдикатите на Македонија го претставуваа претседателот д-р Живко Митревски, секретарот Анѓелко Анѓелковски, раководителот Слободан Трендафилов и советникот Лидија Насковска. 

На состанокот е усвоен предлогот Регионалната конференција на теми: “Сопирање на кршењето на правата на работниците“ и “Влијание на мултинационалните компании врз синдикалните права и организирање“ да се одржи во месец септеври во Бања Лука.

При разговорите се разгледувани состојбите околу почитувањето на правата на работниците, неформалната економија, недостатокот на инвестиции и вработување и други проблеми, при што е договорена меѓусебна координација и покренување заеднички акции на синдикатите. 

Основачкиот состанок на Регионалниот синдикален совет “Солидарност“ се одржа на 3 и 4 февруари 2011 година во Белград, додека на 11 април 2011 година, во Љубљана, Република Словенија е потпишана Основачката повелба. Иницијатор за основање на “Солидарност“ е Европската конфедерација на синдикатите (ETUC), додека улогата на технички координатор ја врши Фондацијата “Фридрих Еберт – Регионална канцеларија во Белград“. Во РСС “Солидарност“  членуваат синдикатите од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

На состанокот на “Солидарност“ на 17 и 18 јули 2012 година во Белград беше усвоен документот “Заеднички активности на РСС Солидарност во борбата за одржлив економски и социјален развој“. На белградскиот состанок акцентот беше ставен на младите синдикалци, кои работат во Одборот на млади при РСС “Солидарност“. Во тој правец беше усвоена “Резолуција за положбата на младите на пазарот на трудот во услови на криза и унапредување на положбата на младите во синдикатите“.

Примарната цел на Советот е придонес на синдикатите во ЕУ интеграцијата на земјите кандидатки, при што се разменуваат искуства и позитивни практики на синдикатите од земјите од регионот. Експертите ангажирани од Советот ги следат директивите на ЕУ, конвенциите на МОТ, ја промовираат синдикалната соработка, додека посебно поле на работа е синдикалното дејствување меѓу младите.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc