ОЛЕСНУВАЊЕ НА ПРОЦЕДУРИТЕ ЗА ПРЕКУВРЕМЕНА И НОЌНА РАБОТА И МОЖНОСТ ЗА КОНТРОЛА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

11.04.2013
Сите три социјални партнери задоволни од новата постапкаСите три социјални партнери задоволни од новата постапкаРаботодавачите од денеска по електронски пат ќе можат да ги доставуваат пријавите работниците за прекувремена работа, ноќна смена и работа на државни празници до Државниот испекторат за труд и по електронски пат, на имеил адресата Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

“Ова подразбираше сложена административна процедура и трошоци за компаниите, поради што одлучивме да воспоставиме електронски ситем за пријава. На посочената адреса ќе можат да се испраќаат унифицирани пријави, кои работодавачите ќе можат да ги најдат на интернет страниците на Министерството за труд и социјална политика и на Државниот инспекторат за труд. Пријавата треба да биде испечатена, пополнета со потребните податоци, со потпис и печат на правниот субјект и скенирана да биде испратена до Инспекторатот за труд“, рече на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Како досега при пријавувањето преку писмена изјава, така и при електорнското пријавување работодавачите треба да ги запазат предвидените рокови во Законот за работни односи.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија изјави дека на ваков начин ќе се обезбеди зголемување на вредноста на трудот на работникот, но и ќе обезбеди поголема транспарентност и контрола на остварувањето на правата на работниците.

Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи, истакна дека ОРМ е задоволна од мерките, пред се поради тоа што тие се одговор на нивните забелешки за неможноста во одредени случаи да се отиде лично до инспекторатот. На овој начин ќе можат да се запазат роковите и да се избегнат високите глоби.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc