СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА НА КРАЛСТВОТО БЕЛГИЈА АНИК ВАН КАЛСТЕР

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

5.04.2013

1.	Ван Калстер изјави дека ќе се испитаат сите можности за меѓусиндикална соработка Ван Калстер изјави дека ќе се испитаат сите можности за меѓусиндикална соработка

Денес во посета на Сојузот на синдикатите на Македонија беше нејзината екселенција амбасадор на Кралството Белгија во Софија Аник Ван Калстер, која разговараше со со претставниците на ССМ: претседателот д-р Живко Митревски, секретарот на Советот на ССМ Ангелко Ангелковски, Лидија Насковска, советник за проекти и ЕУ интеграции и Слободан Трендафилов од ССМ.

На средбата е разговарано за можностите за соработка на ССМ со синдикатите во Белгија, за помош при користењето на европските фондови и за други облици на соработка.

2.	Претседателот д-р Живко Митревски ја објасни улогата на ССМ во социоекономскиот живот во земјава Претседателот д-р Живко Митревски ја објасни улогата на ССМ во социоекономскиот живот во земјава

Претседателот на д-р Живко Митревски објасни дека ССМ е живо заинтересиран и дека настојува да придонесува во сите процеси на интеграцијата на Македонија во Европската Унија. Тој ја запозна гостинката со достигнувањата на ССМ од 2010 година до денес.

За нас се особено важни историските традиции на синдикалното движење во Белгија, развиениот социјален дијалог, па и самиот факт што во Брисел е средиште на Европската Унија. Не се во прашање штрајковите и протестите, туку креирањето на социјалниот дијалог и методите на дејствување на синдикатите, рече Митревски.

Претседателот ја информира гостинката за учеството на ССМ во евроинтеграцијата на земјата – партиципацијата во Националниот совет за ЕУ интеграција, тело кое е битно затоа што е врзано за креирањето на работното законодавство. Преку Нациоанлниот совет ги следиме сите активности на државата на овој план.

Ангажманот на Синдикатот се согледува по тоа што за две години се имплементирани 19 европски директиви, ратификувани се пет конвенции на МОТ и поведена е иницијатива за ратификација на уште три конвенции. Гостинката исто така е запознаена со состојбите во колективното договарање, законот за мобинг и воопшто за методите на дејствување на ССМ. Митревски објасни дека во Македонија мора да се води сметка на фактот што политичката идеологија е подоминантна од социјалната и затоа треба многу да се внимава ССМ да остане независна и самостојна организација. Претседателот потсети на потегот на бившото раководство, кога со ставањето на страна на политичка партија се предизвика подвоеност во синдикалното движење во Македонија.

3.	Ван Калстер и д-р Живко Митревски: ССМ живо заинтересиран за ЕУ интеграцијата на Македонија Ван Калстер и д-р Живко Митревски: ССМ живо заинтересиран за ЕУ интеграцијата на Македонија

Амбасадорката Ван Калстер се интересираше за учеството на ССМ во европските проекти. Потенцираше дека забележува интерес од двете страни, ССМ и белгиските синдикати, за развивање на соработката. Инаку таа информираше дека во Белгија е развиена соработката меѓу трите синдикати (демохристијанските, социјалистичките и либералните) кои, исто како во Македонија, имаат потпишано Меморандум за соработка. Инаку е задолжено лице да испита кои области на соработка би биле интересни за ССМ, со тоа што има сознанија дека постои интерес од двете страни.

Посебна тема на разговорот беше пристапот до европските фондови, на што претседателот Митревски објасни дека дистрибуцијата на средствата од Унијата е доста проблематична. Се случува огромни средства да се доделат на невладини организации, со само неколку члена и со многу нисок капацитет, и тоа за синдикални и социјални теми, додека ССМ е заобиколен.

Амбасадорката Ван Кластен изјави дека покрај овој проблем ќе се испитаат конкретните облици на соработка на синдикатите во двете земји.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc