ПРОДОЛЖЕНИ КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ ЗА ТЕКСТИЛ, КОЖА И ЧЕВЛИ
5.04.2013
Денешното потпишување на спогодбите во ССМ
Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија се потпишани две спогодби, со кои се продолжува важноста на колективните договори за текстил, кожа и чевли.
Спогодбата за продолжување на Колективниот договор за текстилна индустрија ја потпишаа претседателот на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија Ангелко Ангелковски и претседателот на Здружението за текстилна индустрија при Организацијата на работодавачи на Македонија Димитар Поповски.
Спогодбата за продолжување на Колективниот договор за кожарската и чевларската индустрија ја потпишаа исто така претседателот на СТКЧ Ангелко Ангелковски и претседателот на Здружението за чевларска и кожарска индустрија при ОРМ Костадин Барзов.
На потпишувањето присуствуваа претседателот на ССМ д-р Живко Митревски и претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров.