СПОГОДБА ЗА ФОРМИРАЊЕ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

29.03.2013
Од формирањето на советот најголем бенифит ќе имат младите луѓеОд формирањето на советот најголем бенифит ќе имат младите луѓе

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски и градоначалникот на Општина “Центар“ Владимир Тодоровиќ денес ги информираа медиумите дека е договорено формирање на Локален економско – социјален совет на општина “Центар“.

Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски истакна дека формирањето на локален совет е во функција на развивањето на социјалниот дијалог, што е една од основните цели на платформата на ССМ.

Градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ рече дека формирањето совети на општинско ниво е стара практика во Европа. Локалниот совет ќе има консултативно – советодавна улога, затоа што ќе бидат застапени три страни, работодавачите, синдикатите и локалната самоуправа. Најголем бенефит ќе имаат младите, затоа што во советот ќе се разгледуваат потребите на пазарот на работна сила.

Претседателот Митревски додаде дека новина во локалниот совет на општината е дефинирање на потребите на пазарот на работна сила, потребите на пазарот во самата општина. Најголем акцент е ставен врз вработувањето на младите луѓе и развивањето на вештините кај младите. Уште една новина е развивање методи за мирно решавање на работните спорови, што е во правец на реактивирање на Законот за мирно решавање на работните спорови.

На прес конференцијата е најавено дека составот на советот ќе биде трипартитетн, со учество на локалната самоуправа, синдикатите и работодавачите.

Митревски најави дека наскоро треба да се формираат локални економско – социјални совети уште во неколку општини.

Со формирање на советот во една скопска општина продолжува процесот на формирање на локални економско – социјални совети. Досега вакви совети се формирани во Кавадарци, Струмица, Куманово, Тетово и Штип.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc