ЗАЕДНИЧКИТЕ АКТИВНОСТИ ДАВААТ РЕЗУЛТАТ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 22.03.2013

22.03.2013 foto1Д-р Живко Митревски: Најбитно е што заеднички не дозволивме отпуштања на работници

Денес во ССМ се одржа состанок што го организираше Синдикатот на работниците од шумарството, дрвна индустрија и енергетика. На состанокот присуствуваа претседателите на синдикалните организации од Синдикатот за шумарство од целата територија на Република Македонија од областа шумарство и национални паркови и менаџерскиот тим на Јавното претпријатие “Македонски шуми“, предводен од генералниот директор г-дин Жарко Караџоски.

На почетокот на состанокот претседателот на Синдикатот за шумарство д-р Живко Митревски ги информираше присутните за активностите на Синдикатот и на ССМ во делот на активностите околу подобрување на работно – правната заштита во работното законодавство, односно околу измените на Законот за шуми, активностите во делот на заложбите на Синдикатот и резултатите каде што во текот на најтешка светска криза и во областа на шумарството не се бележи отпуштање на работници, нема намалување на плати и има унапредување во делот на исплатата на платите и почитување на Колективниот договор.

22.03.2013 foto2Жарко Караџоски: Соработката со Синдикатот е многу битна алка во трансформацијата на системот

Генералниот дректор на ЈП “Македонски шуми“ Караџоски информираше за активностите во ЈП околу ангажманот во инвестицискиот циклус, реорганизирање и спроведување на инвестицискиот циклус (булдожери и теренски возила), стимулирање на трудот на работниците кои работат во шума (секачи, дотурачи, булдожеристи и други). Караџоски информираше за активностите околу трансформацијата, која мора да е согласна со модерните европски текови и која нема да опфаќа отпуштања. Напротив, ќе се обезбеди задржување на работните места, унапредување на стручната реорганизација во рамките на јавното претпријатие и стимулирање на работењето во шумите. Ваквата трансформација ќе се изврши со посебен закон, а во сите активности ќе биде вклучен и Синдикатот, вклучувајќи ја изработката на сите пропратни акти.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc