ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО ТЕКСТИЛНАТА, КОЖАРСКАТА И ЧЕВЛАРСКАТА ИНДУСТРИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

16.03.2013
Живко Митревски: Зачувавме еден од столбовите кои се приоритети за  синдикатитеЖивко Митревски: Зачувавме еден од столбовите кои се приоритети за синдикатите

Се зголемува минималната плата за текстилната, кожарската и чевларската индустрија, најави денес министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски. Од наредниот месец  на работниците од кожарската, текстилната и прехрамбената индустрија, работодавачот ќе мора да им исплати 596 денари повеќе од досегашниот месечен приход. Според предвидената динамика, за две години примањата ќе треба да им се изедначат со останатите дејности.

Економско – социјалниот совет одлучи да нема намалување на минималната плата, односно сумата од 8050 денари останува непромената. Нема да се промени ниту старосната граница за пензионирање.

Договорот е резултат на меѓусебната доверба на социјалните партнериДоговорот е резултат на меѓусебната доверба на социјалните партнери

Синдикатите се задоволни од договорот со Министерството за труд и Економско-социјалниот совет. Зачувувањето на истата висина на минималната плата е добар договор, затоа што во други земји поради економската криза минималецот е намален. Околу 15 отсто од вкупното работно население во Македонија добива месечна плата од 8.050 денари, додека 25 отсто од 10.000 денари.

Претседателот на ССМ Живко Митревски изјави: “Го зачувавме еден од столбовите кои се приоритети на синдикатите. Тоа е да нема намалување на платите, да нема масовни отпуштања од работа и да нема зголемување на старосната граница за пензионирање. Како резултат на меѓусебната доверба на социјалните партнери, дури и во време на најтешки услови на економска криза, постигнавме да нема намалување на минималната плата и да има зголемување на минималната плата во овие гранки“.

Законот за минимална плата почна да се имплементира од јануари 2012 година. Со него е утврдено минималецот да се исплатува на месечно ниво, за полно работно време, и тоа во износ од 39,6 отсто од просечната бруто плата во Македонија пресметано со  претходната година.

Висината на минималната плата во другите сектори за 2013 година изнесува 8.050 денари или 12.268 денари бруто.

Со усогласувањето во дејностите производство на текстил, облека, кожа и слични производи од кожа минималната бруто плата во 2013 година ќе изнесува 10.990 денари, односно нето 6.859 денари.

Министерот Спировски изјави дека ако има неправилност веднаш ќе се реагираМинистерот Спировски изјави дека ако има неправилност веднаш ќе се реагира

По една година од примена на Законот за минимална плата нема дојави за злоупотреби или неправилности во исплатата. Апелирам до вработените, како и до синдикатите доколку има одредени неправилности во исплатата на минималната плата да се преземат навремени мерки и благовремено да информираат, но и да ги пријавуваат до Државниот инспекторат за труд, изјави Ристовски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc