ПОДОБРУВАЊЕ НА РАБОТНОТО ЗАКОНОДАВСТВО, НОВИ КОНВЕНЦИИ НА МОТ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
28.02.2013

Унапредувањето на социјалниот дијалог во државата особено во периодот по 2010 година придонесе за низа квалитетни измени на работното законодавство во РМ кои беа поттикнати и предложени од ССМ како репрезентативен синдикат и активен социјален партнер во државата, изјави претседателот на ССМ д-р Живко mитревски на конференција за печат, на која присуствуваа претседателите на синдикатите здружени во ССМ .

ССМ како активен чинител во евроинтеграциските процеси во државата пред се се залагаше за имплементирање на  меѓународните  конвенции и директиви во домашното законодавство .

Во програмските задачи на ССМ значајно место зазема активното и будно следење на практичната примена на работното законодавство и секогаш кога практиката ќе покаже извесна недоследност или нејасност во примена на законските одредби ССМ иницира постапка за измена и дополнување на законската регулатива , со крајна цел да се обезбеди правен и законски основ за заштита , остварување и унапредување на работничките права .

Измените на ЗРО кој се направени особено во периодот на последните две години преставуваат напредок во остварување на работничките права . Во таа смисла за одбележување се следните измени на Законот з арабтни односи :

Со измените на ЗРО објавени во сл. весник бр. 124 / 2010  , се создаде законска рамка за задолжително информирањето и консултирањето на синдикатот и вработените за сите значајни процеси  кај работодавачот кој најдирекно се рефлектираат на работно правната положба на работниците . Обврската за информирање и консултирање  постои и кај  отпуштањата  од деловни причини кај работодавецот . Во тој случај работодавецот е должен да го информира и консултира синдикатот за мерките и активностите што се преземаат за ублажување на последиците од отказите од деловни причини .

Во текот на 2011 година  ССМ особено се залагаше  за измена на одредбите од ЗРО во врска со утврдување на репрезентативноста од аспект на склучување на колективните догoвори, уредување на составот на Комисијата за репрезентативност на трипартитен начин, со учество на сите релевантни социјални партнери, утврдување на правниот субјективитет на синдикатот со акти на самиот синдикат, без непотребно мешање на државата преку донесување на законски норми и ограничувања. Исто така, ССМ се заложи за намалување на висината на казните за синдикатот во казнените одредби на Законот заради нивно усогласување со казнената политика во државата.

Овие аргументирани барања на ССМ беа подржани и од другите синдикати и социјалните партнери во државата и во таа насока беа направени измени на ЗРО (Објавени во Службен Весник на РМ 11/2012).

Со измените и дополнувањата на Законот за работните односи објавени во Службен весник бр. 13 од 2013 година , се обезбедува заштита од секаков вид на дискриминација по основ на бременост, раѓање и  родителство .

Додаден е нов член 9-б , а изменети и дополнети се членовите 11, 25 и 101 од ЗРО

Забраната на дискриминацијата се однесува на:

  • пристапот на вработување ,
  • условите за работа ,
  • правата од работен однос и
  • забрана за  откажување на договорот за вработување  за време на бременост , раѓање и  родителство .

Измените во Законот за работни односи објавени во Сл. весник бр. 25 од 2013 година, се резултат на заедничка кативност на трите социјални партнери во Државата .

Проблемите во практичната примена на ЗРО беа причина , социјалните партнери по пат на дијалог и консулатција пред се преку Економско социјалниот совет да изградат заеднички став за измени на ЗРО кои се од приоритетно значење.

Измените на ЗРО ,првенствено беа насочени во правец на   заштитат правата на работниците и спречување на злоупотребите при спогодбените откази.

Овие измени се направени врз основа на опстојна анализа и   консултација со синдикатите и работодавачите , а потребата произлезе од детектираните состојби во претпријатијата.

Измените на законот  го  оневозможуваат постоењето на   бланко потпишана изјава за отказ, односно во практиката често се случуваше работодавачите да побараат работниците да потпишат предвремена  бланко изјава за отказ на договорот за вработување ,а по потреба  работодавачите дополнително само го допишуваа датумот.

Со направените измени на законот се предвидува   работникот комплетно своерачно да го напише името, презимето, датумот и местото на престанок на работниот однос.Со ова  се намалува  веројатноста дека некој ќе се обиде да фалсификува нечиј потпис или целосно име , презиме или датум.

Друга значајна измена воведување мандатни казни за непријавени работници . При тоа доколку се затекнат непријавени лица , работодавачот ќе биде должен да плати глоба и работниците да ги пријави во рок од осум дена.. Доколку тоа не го направи објектот каде се извршуваат работните задачи ќе биде затворен.

Доколку се најдат три или повеќе непријавени работници мандатни казни нема да има, туку објектот веднаш ќе биде затворен. Во услови кога објектот ќе биде затворен работодавачот нема да смее да отпушти ниту еден вработен, туку ќе треба да им исплаќа плати во висина од 70 проценти од последната исплатена плата и придонеси од плата .

Со измените е извршено прецизирање на одредбите со кои се регулира работно правниот статус на:

  • сезонските работници,
  • доуредување на јавните огласи за вработување,
  • евиденцијата за присуство на работа,
  • обврската за задолжително предходно  известување на државниот инспектор за труд при воведување на прекувремена работа и воведување на работа на државен празник  и др.

Во периодот 2010-2012 година, на иницијатива на ССМ, прифатена од другите репрезентативни синдикати и социјални партнери, се ратификувани 5 конвенции на Меѓународната организација на трудот:

Конвенција број 94, за регулирање на социјалните клаузули во јавните набавки, донесена 1949 година (во РМ ратификувана во јуни 2010);

Конвенција за вршење работа дома, усвоена во Женева на 20 јуни 1996 година (во РМ ратификувана на 19.3.2012 г.);

Конвенција за приватни агенции за вработување, усвоена во Женева на 19 јуни 1997 год. (во РМ ратификувана на 19.3.2012 г.);

Конвенција за заштита на мајчинството, усвоена во Женева на 15 јуни 2000 год. (во РМ ратификувана на 19.3.2012 год.). Оваа Конвенција ја ревидира

Конвенцијата за заштита на мајчинството (Ревидирана), 1952 година;

Конвенцијата за промотивна рамка за безбедност и здравје при работа усвоена во Женева на 15 јуни 2006 година (во РМ ратификувана на 19.3.2012).

Активно учествувајќи во евроинтеграциските процеси на државата, Сојузот на синдикатите на Македонија, заедно со другите социјални партнери, во октомври 2012 година има поднесено Иницијатива за ратификување на следните конвенции:

  • Конвенција за колективно договарање, бр. 154 од 1981 година;
  • Конвенција за работните односи (јавна служба) бр. 151, од 1978 година и Препорака за работните односи (јавна служба) бр. 159, и
  • Конвенција за администрација на труд, бр. 150 од 1978 година.

Покрај вклучувањето на конвенциите  ССМ се залагаше и за  вклучување на  директивите како значајни меѓународни акти  во работно законодавство на РМ. Во текот на изминатиот период во работното законодавство  се вклучени 19 директиви од кои позначајни се директивата 91/533 за информирање и консултирање (како и 2002/14 за заштита на правото на информирање).

Бидејќи се излезени статистичките податоци за месец декември 2012 година, на наредната седница на Економско – социјалниот совет ќе бараме усогласување на висината на минималната плата, според член 4 од Законот за минимална плата.

Според член 4:

  • Минималната плата изнесува 39,6% од просечната бруто плата во Република

Македонија за претходната година, согласно со податоците објавени од

Државниот завод за статистика.

  • Висината на минималната плата од ставот (1) на овој член ја објавува

Министерството за труд и социјална политика во "Службен весник на Република

Македонија", по претходно мислење од Економско-социјалниот совет.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc