СОСТАНОК СО ВРАБОТЕНИТЕ СО “СЛАВИЈА“

Ова е кажано на вчерашната средба на триесеттина претставници на вработените на “Славија“ со претседателот на ССМ Живко Митревски и претседателката на Синдикатот на работниците од трговијата Мирјана Хаџи Скерлева.
Познато е дека вработените во “Славија“, околу 1.100 лица на број, протестираат и ги бараат своите права на претпријатието кое е во стечај. Нивното најважно прашање е исплата на заостанатите плати, за што имаат добиено судски спор.
Досега беше направен еден, неуспешен обид за продажба на управната зграда на “Славија“, по што е најавена уште една аукција. Сега во управната зграда корисници на деловен простор се повеќе големи претпријатија. “Славија“ остварува приход од изнајмување на деловниот простор, кој изнесува 31.000 квадратни метри. Како причина за неуспешната продажба, и покрај атрактивниот деловен простор, стојат долговите кои евентуалниот купувач треба да ги подмири, најпрво кон вработените, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, обврските кон добавувачите и други неподмирени издатоци.