КОНСТИТУИРАН ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ ВО ШТИП

Во Штип на 5 февруари е одржана конститутивна седница на Локалниот Економско – социјален совет.
Примарна цел на советот е воспоставување врски меѓу невработените млади и работодавачите, беше кажано на седницата. Инаку основачкото собрание на Локалниот ЕСС се одржа на 26 декември 2012 година.
Во Локалниот ЕСС партиципираат три страни: по тројца претставници од локалната самоуправа, од работодавачите и од синдикатите. Од страна на синдикатите двајца претставници се од Сојузот на синдикатите на Македонија и еден од Конфедерацијата на слободни синдикати.
На конститутивната седница претставниците на синдикатите изјавија дека преку советот ќе се создадат потребните врски меѓу инвеститорите и невработените. Работодавачите, пак, сметаат дека во моментов нема млад кадар кој ќе работи во производство и од таа причина треба долгорочно да се работи на поврзувањето на двете страни.
Во основањето на локални ЕСС активно патриципира невладината организација “УСАИД“, преку проектот “Мрежа за поттикнување на вработеноста кај младите во Република Македонија“.Според агендата е предвидено основање на локални ЕСС во десет општини.