МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД ПРОДОЛЖУВА СО ИНТЕРВЕНЦИИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

19.01.2013

19.01.2013_foto1
Спиро Ристовски: Сите треба заеднички да придонесуваме за создавање подобар животен стандард

Министерството за труд и социјална политика и оваа година продолжува со немилосрдната борба против вработувањето на црно и сите останати нерегуларности во делот на работни односи и безбедност при работа, истакна министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски на денешната конференција за печат.

Најчестите злоупотреби на правата на работниците се случуваат за време за празници кога практично на сите ангажирани лица треба да им се исплати празнична дневница, која е за 150 проценти повисока од регуларната, но во реалноста сме сведоци се на една поинаква состојбa. Тоа всушност значи една потешка злоупотреба на човечкиот труд, кој што останува нереално платен и ескплоатиран. Тоа е еден од најголемите демотивирачки фактори за самите работници, а од друга страна дополнителен нерегуларен профит за работодавците, нагласи Ристовски.

Казните за овој вид прекршок се доста високи и се движат од 6.000 до 7.000 евра. Минатата година при околу 100 надзори празнична дневница не била исплатена за повеќе од 3.000 работници.

И покрај тоа што податоците покажуваат намален број на затекнати непријавени работници, тенденцијата ни е оваа бројка да биде незначителна. Бројот на непријавени работници од 2009 година наваму постојано се намалува, така што за четири години бројот на затекнати непријавени работници четрикратно се намалил.

Во областа на работните односи во 2012 извршени се вкупно 29.867 испекциски надзори, од кои 24.346 редовни и 3.578 контролни инспекциски надзори и 1.943 надзори по барање од странки.

Во областа на безбедност и здравје при работа извршени се вкупно 12.680 инспекциски надзори од кои 9.257 редовни, 138 надзори од законот за пушење, 3.143 контролни инспекциски надзори и 142 инспекциски надзори по поднесени претставки. Воедно, донесени се вкупно 4.029 решенија за утврдени недостатоци во работењето.

Во 2012 година регистрирани се 10 смртни случаи и нема колективни повреди на работа, што исто така значи намалување во однос на 2010 и 2011 година кога имаше 12 смртни случаи на работни места, нагласи Ристовски.

Тој додаде дека само целосната примена на законите и успешните инспекциски надзори над примената на законите и подзаконските акти од трудовото законодавство се гаранција за добра економска клима, за добри услови на пазарот на трудот, како и за безбедна работа на вработените на работните места.

Ристовски нагласи дека ќе продолжат да работат во насока на намалување на сивата економија и подобрување на правата на работниците и дека сите заеднички треба да придонесуваме за создавање подобар животен стандард.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc