РАБОТИЛНИЦА ЗА УЛОГАТА НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО ВО ЕУ ИНТЕГРАЦИЈАТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
17.01.2013
Предавачите на работилницата предупредија дека фрагментираните НВО се пречка за успешен настап пред ЕУ структурите
Предавачите на работилницата предупредија дека фрагментираните НВО се пречка за успешен настап пред ЕУ структурите

Граѓанското општество во Македонија покажува огромен интерес за учество во сите процеси на интегрирањето на Република Македонија во Европската Унија. Покрај подготвеноста за учество сепак постојат многу практични проблеми од различна природа.

Ова е еден од заклучоците на работилницата што се одржа во ЕУ Инфо центарот“ на 16 јануари, на тема: “Пристапувањето во ЕУ: која е улогата на граѓанските организации?“ Организатори на дискусијата беа “Балканската мрежа за развој на граѓанското општество и “Институтот за европска поддршка“.

Малинка Ристовска – Јорданова, директорка на Институтот за европска политика, модератор на проектот, објасни дека цел на работилницата е да се даде одговор на прашањето како да се унапреди улогата на граѓанското општество во пристапниот процес, искористувањето на европските фондови и размена на искуства со земјите кои имаат поголемо искуство во оваа област.

На собирот присуствуваа претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, секретарот Анѓелко Анѓелковски и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Мирјана Андреска. Претставниците на синдикатите се интересираа за можностите и за учество на трудовите организации во вкупните процеси на евроинтеграцијата.

На работилницата Роберт Лидел, раководител на Делегацијата на ЕУ за политички прашања, правда и внатрешни работи, информации и комуникација, објасни дека Унијата ја има препознаено потребата од учество на граѓанскиот сектор во пристапниот процес.

На дискусијата зборуваа Дарко Алексов од “Мост“, д-р Азис Положани од Институтот за политички и инртеркултурни студии, Радмила Шеќеринска, претседател на Националниот совет за ЕУ интеграции, Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики и Горан Калајџиев од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Жељана Бунтиќ Пејаковиќ од “Цензура плус“ од Хрватска, Борис Мариќ од “Центарот за граѓанско образование“ од Црна Гора, потоа Полонца Шега од Министерството за јавна администрација на Словенија, Гордана Стојановиќ од Регионалната развојна агенција на Осиечко – Барањската жупанија во Хрватска и Адријана Дуту од Фондацијата за развој на граѓанското општество од Романија, зборуваа за практичните искуства во нивните земји и за типичните проблеми што се јавуваат во функционирањето на невладиниот сектор. Нивните пораки се однесуваат на потребата од обединување и заеднички настап на граѓанскиот сектор. Секоја реформа е добра ако учествуваат повеќе невладини организации и тоа е начин за предизвикување интерес кај ЕУ структурите. Практичните проблеми сепак се однесуваат на недоволната информираност и комуникација меѓу организациите, со Владата и со странските институции. Недостигот на дијалог и размена на мислења е еден од најголемите недостатоци во зголемувањето на улогата на граѓанското општество во ЕУ интеграцијата.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc