ПОТПИШАН КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
Социјалните партнери го продолжуваат курсот на колективното преговарање и договарање
Социјалните партнери го продолжуваат курсот на колективното преговарање и договарање

foto_10_januari_plakataДенес во Сојузот на синдикатите на Македонија Синдикатот за хемија, неметали и метали и Здружението на работодавачите од хемиската индустрија на Организацијата на работодавачи го потпишаа Колективниот договор за хемиска индустрија.

Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски на денешната средба истакна дека потпишувањето на договорот е во духот на определбата на социјалните партнери за создавање општество со уреден социјален дијалог. Се продолжува циклусот на колективното преговарање и договарање, со што се потполнуваат правните празнини во Законот за работни односи и во другите закони. Целта на колективното договарање е да се утврди рамка која ќе ги спречи евентуалните конфликти во претпријатијата, да се уредат постапките при спорови и воопшто да се создава нормална атмосфера во работните средини.

Зоран Мироновски, претседател на Синдикатот за хемија, неметали и метали, рече дека е чест годината да се започне со потпишување на колективен договор. Мироновски потсети дека се внесени сите промени од Законот за работни односи, додека во Општиот колективен договор и понатаму во гранските колективни договори е можно проширување на работничките права. Со еден збор, правата во колективните договори можат да бидат поголеми од оние во законите, но во никој случај помали.

Синдикатот и работодавачите докажуваат дека се сериозни социјални партнери, објасни Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи. Со ова на Владата и покажуваме дека сме вистински репрезентативни социјални партнери и дека знаеме да преговараме и да склучуваме колективни договори.

На денешната средба учесниците исто така ја истакна потребата од формирање соодветни здруженија во ОРМ, со цел да продолжи процесот на донесување колективни договори.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc