СЕМИНАР НА СФДМ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
Преседателот на СФДМ Гоце Селовски на отворањето на денешниот семинар
Преседателот на СФДМ Гоце Селовски на отворањето на денешниот семинар

Денес во ССМ се одржа Семинар за спречување на перење пари и финансирање тероризам. Семинарот го отвори м-р Гоце Селовски, претседател на Синдикатот на финансиски дејности, додека предавачи беа д-р Владимир Наумовски, експерт за спречување на перење пари, д-р Гоце Трајковски, кој зборуваше на тема “Контрола на процесот на утврдување на крајниот сопственик“ и м-р Мирјана Ѓорѓиоска, чија тема беше “Начин на утврдување на крајниот сопственик на клиентот“.

Д-р Гоце Трајковски објасни дека покрај синдикалните активности ССМ и СФДМ во рамките на новата платформа промовираат активности за информирање и едукација од стручен карактер.

Првата обука на оваа тема се одржа на 7 јуни 2012 година. Учесници на семинарите се вработените во штедилниците и банките кои се занимаваат со оваа област од финансискиот сектор.

 

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc