СИНДИКАТИТЕ НА ОДБРАНАТА И ПОЛИЦИЈАТА ПОБАРАА НАВРЕМЕНО РЕШЕНИЕ ЗА БУЏЕТОТ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
Ристо Ајтов и Тихомир Климоски
Ристо Ајтов и Тихомир Климоски

Македонскиот полициски синдикат (МПС) и Синдикатот на одбраната и безбедност (СОБ) денес на прес конференција побараа да се донесе навремено, конструктивно и стабилно решение за деблокада во Собранието за донесување на буџетот на Република Македонија.

Во името и заради интересите на полицијата и на АРМ, односно на припадниците на безбедносните структури, претседателите Тихомир Климоски и Ристо Ајтов упатија апел кон сите фактори на политичкиот живот во државата длабоко да размислат за тоа што го прават во законодавниот дом, но не само од економски или политички аспект.

Повикуваме на размисла за последиците по внатрешната и надворешната безбедност во државата, бидејќи економската нестабилност, политичката криза, со сигурност предизвикува и безбедносна криза. Припадниците на полицијата повеќе сакаат нивна секојдневна работа да биде спречување и откривање криминалци, отколку, подвлече, секојдневни судири со демонстранти, изјави претседателот на МПС Тихомир Климоски.

Претседателот на СОБ Ристо Ајтов од рече дека се бара донесување на буџетот, пред се затоа што за оваа година требаше одбранбениот буџет да се корегира во позитивна насока во однос на 2012 година.

Секое ненавремено донесување за Република Македонија ќе значи далекусежни негативни реперкусии, а најглавната е ротацијата на мировните мисии во почетокот на 2013 година. Тоа како држава кандидат за членство во НАТО, особено за секторот - одбрана, ќе значи и несериозност како партнер кон сите останати земји кои партиципираат во мисиите. Доколку не биде навреме донесен буџетот, можно е финансиските реперкусии, меѓу другото да се одразат односно да се намали бројот на декларираните единици во НАТО мисиите, објасни Ајтов.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc