ЕКОНОМСКО- СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ ГО ОСУДИ БЛОКИРАЊЕТО НА БУЏЕТОТ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
Заеднички став на членовите на ЕСС - настаните во Собранието се сериозна опасност за нормалното функционирање на државата
Заеднички став на членовите на ЕСС - настаните во Собранието се сериозна опасност за нормалното функционирање на државата

Членовите на Економско – социјалниот совет, односно синдикатите, работодавачите и МТСП во име на Владата, на денешната 15. Седница заеднички го осудија блокирањето на усвојувањето на буџетот во Собранието и побараа разрешување на постојната ситуација.

Претседателот на ССМ Живко Митревски за медиумите изјави дека синдикатите ги интересира буџетот да биде ставен во функција. Постојната ситуација ја доведува во опасност политичката и безбедносната состојба. Митревски потсети дека неколку грански синдикати од ССМ јавно реагираа со исти барања. Буџетот не го создаваат политичките партии, туку работниците и стопанството, односно сите луѓе во земјата и затоа никој нема право да го доведува во прашање нормалното функционирање на државата.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски изјави дека постојната ситуација може многу сериозно да се одрази врз стопанските движења и кредитниот рејтинг на Македонија.

Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачите, предупреди дека со постојните настани Собранието ја изгуби функцијата. Усвојување на буџет за една држава не треба да биде тетар, туку свечен чин, затоа што е за доброто на сите граѓани.

Претставниците на Конфедерацијата на слободни синдикати, претседателот Мирјана Андреска и Дојчин Цветановски, исто така го осудија блокирањето на сораниските комисии.

Во име на пензионерите на седницата беше присутен Драги Аргировски, претседател на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија.

Живко Митревски информираше дека е договорено од наредната година буџетот да биде претходно разгледуван од страна на ЕСС.

На седницата беше разговарано за Иницијативата на ССМ и СИЕР (Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство) за решавањето на прашањето на вработените во четири претпријатија загубари – ОХИС, Еурокомпозит, ЕМО и Тутунски комбинат – Прилеп. Претседателот Митревски и претседателот на СИЕР Пеце Ристовски на вработените на ОХИС, кој протестираа пред МТСП, им објаснија дека во предлогот на ССМ, покрај други варијанти, стои солуцијата да се применат решенијата од стариот закон за пензионирање, со границите од 59 и 57 години. Иницијативата е усвоена и понатаму ќе се разгледува во Економскиот совет на Владата.

На дневен ред на 15. Седница беа разгледувани Предлог – законот за детска заштита, Предлогот за именување членови на работната група за изработка на Закон за мобинг, предлозите на ОРМ за изменување на некои одредби од Законот за работни односи, именување членови во УО на ПИОМ и Измените во Законот за безбедност и здравје.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc