СЕМИНАР НА СИНДИКАТОТ ЗА ХЕМИЈА, НЕМЕТАЛИ И МЕТАЛИ ЗА ВЛИЈАНИЕТО НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
11.12.2012
Учесниците на семинарот – многу работници од дејностите што ги покрива СХНМ се изложени на екстремни температури
Учесниците на семинарот – многу работници од дејностите што ги покрива СХНМ се изложени на екстремни температури

“Климатските промени и здравјето на работниците“ е наслов на семинарот што го организираше Синдикатот на хемија, неметали и метали. Предавач на семинарот, што се одржа на 8 декември во Охрид, беше професор д-р Јованка Бислимовска од Институтот за медицина на трудот.

Претседателот на СХНМ Зоран Мироновски информира за одличната посета на семинарот, каде учествуваа 34 членови на Синдикатот на хемија, кои ќе добијат потврди за учество.

Јованка Бислимовска истакна дека темата на влијанието на климатските промени во последните години е се поактуелна, поради појавите на екстремни температури на лето и зима. Таа истакна дека е афирмативно што СХНМ посветува посебно внимание на оваа тема, најпрво поради специфичностите на дејностите што ги опфаќа. Имено, во многу претпријатија кои припаѓаат на дејностите што ги покрива СХНМ се работи на отворено и работниците се изложени на екстремни температури.

На семинарот е договорено соработката на СХНМ со професорката Бислимовска да продолжи понатаму.

13.12.2012_SHNM2

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc