КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ ВО ТРГОВИЈАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
6.12.2012
Претставниците на ССМ д-р Живко Митревски, Живко Даневски и Мирјана Хаџи – Скерлева: потребна е засилена динамика на сите форми и нивои на дијалог
Претставниците на ССМ д-р Живко Митревски, Живко Даневски и Мирјана Хаџи – Скерлева: потребна е засилена динамика на сите форми и нивои на дијалог

06.12.2012_scan
Публикација со резултатите од Проектот
Меѓусебните компромиси на трите социјални партнери се клучни за напредувањето на социјалните договори, иако состојбите се разликуваат во трите земји. Одговорноста е заедничка за сите партнери, кои треба да бидат свесни дека се подеднакво повикани да придонесуваат во уредувањето на индустриските односи меѓу работниците и работодавачите.

Ова е заеднички заклучок на денешната завршна Конференција “Социјалниот дијалог и адаптација на промените“ на Проектот “Зајакнување на социјалниот дијалог во секторите трговија на мало, земјоделието и прехранбената индустрија во Словенија, Македонија и Црна Гора“, што во организација на Организацијата на работодавачи се одржа во Скопје. ССМ го претставуваа претседателот д-р Живко Митревски, претседателот на АГРО Синдикатот Живко Даневски и претседателот на Синдикатот на работниците од трговијата Мирјана Хаџи - Скерлева.

Социјалниот дијалог во Македонија оди во добра насока, што е потврдено и со Извештајот на Европската Комисија. Меѓутоа, постојат уште многу области што треба да бидат потполнети, додека многу е битна подготвеноста на социјалните партнери, истакна во уводниот говор претседателот на ОРМ Ангел Димитров. Тој зборуваше за улогата на Економско – социјалниот совет и за значењето на институционализацијата на ова тело.

 

Дејностите опфатени со двата синдикати ангажираат најголем број работници
Дејностите опфатени со двата синдикати ангажираат најголем број работници

На конференцијата присуствуваше и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој за медиумите изјави дека трипатитниот дијалог е основната социјална рамка на социјалниот дијалог, додека е подеднакво важна ефикасноста на дијалогот.

Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски информираше дека социјалниот дијалог во државата се развива, но и дека е потребна засилена динамика во колективното договарање, како и за креирањето политики, стратегии и други форми на соработка.

За дијалогот во двете гранки во Словенија зборуваше Татјана Пајникар, советник на генералниот секретар и проект менаџер од Здружението на работодавачи на Словенија, додека за состојбите во Црна Гора информираа Мирза Молесковиќ од Конфедерацијата на работодавачи на Црна гора и Бранислав Беговиќ. Од изнесеното произлезе дека во Словенија, иако е поразвиена земја и членка на ЕУ, постојат многу проблеми во реализирањето на социјалниот дијалог, и тоа на национално и на секторско ниво. Во Црна Гора, пак, нивото на социјалниот дијалог е на многу пониско ниво, со забележлив недостаток на слух за соработка.

Всушност општ заклучок за трите земји е дека за успешно регулирање на индустриските односи е клучна волјата на трите страни – организациите на работниците (синдикатите), работодавачите и на Владите.

За областите кои спаѓаат во земјоделието значајна новост е подготовката на Законот за кооперативи, објасни претседателот на Здружението за прехранбена индустрија на ОРМ Влатко Ѓорѓиевски. Законот ќе опфати 80.000 домаќинства, што значи дека ќе се отворат барем толку работни места. Владата на РМ е свесна за значењето на земјоделството, затоа што генерална определба е производство на храна за сопствени потреби. За поддршка на земјоделството, од кое остваруваат приход 400.000 жители, годишно се издвојуваат 730 милиони евра, додека земјата е се уште увозник на храна, за што се троши 350 милиони евра годишно. Битно е да се исправат грешките од минатото и земјоделството да се развива плански и на здрави основи.

Живко Даневски, претседателот на Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс (АГРО Синдикат), информираше дека постојат коректни односи со социјалниот партнер, здружението при ОРМ. Меѓутоа, вкупните состојби имаат недостатоци, посебно во односите меѓу социјалните партнери на ниво на работодавач. Се уште многумина работодавачи мислат дека колективните договори се пречка, а всушност се систем на развој и сигурност, и тоа и на работниците и на работодавачите. Последица е што имаме покриеност од околу 30 отсто од вработените во дејностите од агро секторот, иако како синдикат ги следиме сите процеси и остваруваме контунуитет во колективното договарање. Како држава треба да знаеме дека Конвенцијата 151 на МОТ налага колективно договарање, што значи дека колективните договори ќе станат законска и судска обврска.

Даневски зборуваше за стратегијата на АГРО Синдикатот за опфаќање на сезонските работници, кои сочинуваат 90 отсто од вкупнo ангажирани лица во тутунската индустрија, над 70 отсто во земјоделството и скоро 90 отсто во прехранбената индустрија. Имаме обврски оваа бројна категорија трудбеници да ја заштитиме и да ја внесеме во системот.

За состојбите во трговијата зборуваше Мирјана Хаџи – Скерлева, која рече дека трговците се по вокација економисти, кои најбрзо се прилагодуваат на промените на пазарот. Своевремено трговијата беше меѓу првите гранки со колективен договор, но во поново време пречка е непостоењето на здружение за трговија во ОРМ. СРТМ има подготвено готов текст на колективен договор, нагласи Хаџи – Скерлева, така што се надеваме дека наскоро во ОРМ ќе добиеме здружение како наш социјален партнер.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc