РАБОТНА СРЕДБА МЕЃУ ССМ И ОРМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
4.12.2012
Двете страни се со ист став дека во економска криза не треба да се намалуваат работничките права
Двете страни се со ист став дека во економска криза не треба да се намалуваат работничките права

Денес во ССМ се одржа средба меѓу раководствата на Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија. На средбата се дискутираше за предлозите на ОРМ, доставени до Економско – социјалниот совет, по повеќе одредби од Законот за работни односи.

На средбата двете страни ги искажаа своите ставови околу регулирањето на годишните одмори, прекувремената работа, постапките за престанок на работниот однос, заштитата на бремените жени  од ноќна работа и за други прашања. Притоа се земени во превид европските практики на регулирање на истите прашања.

Претседателот на ССМ Живко Митревски истакна дека при сите измени треба да се смета на актуелните економско – социјални состојби во Македонија. Претседателот на ОРМ Ангел Димитров рече дека овие средби треба да бидат почести и со постигнување меѓусебни компромиси.

Инаку двете организации се со ист став дека не треба да се намалуваат правата на работниците во време на економска криза.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc