СЕ ИНТЕНЗИВИРААТ ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ МИНИСТЕРСТВОТО И СИНДИКАТОТ ЗА ЗДРАВСТВО

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

22.11.2012

Љубиша Каранфиловски – како единствен репрезентативен синдикат имаме поголема одговорност кон вработените во системот
Љубиша Каранфиловски – како единствен репрезентативен синдикат имаме поголема одговорност кон вработените во системот
Од наредната недела почнуваат интензивни преговори меѓу Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита со Министерството за здравство околу проектот “Плаќање по учинок“. Се надеваме дека после преговарањето ќе излеземе со квалитетни решенија.

 

Ова денес на прес конференција го соопшти Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

На прашањето на новинарите за односот со други синдикати од здравството Каранфиловски објасни дека Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита е единствен репрезентативен синдикат од здравствениот систем во Република Македонија и затоа има поодговорна улога. Треба да се знае дека синдикатот преговара за сите вработени во системот. Единствен потписник е на гранковиот колективен договор, со тоа што се потпишани  и два колективни договори на ниво на установа. Синдикатот има своја политика на синдикална борба, која ги опфаќа преговарањето, договарањето и како трето средство се штрајковите и протестите. Од други синдикати кои штрајкуваат досега нема стигнато покана до Синдикатот за здравство, но бездруго има свој пристап за решавање на проблемите околу проектот.

Самостојниот синдикат има свои предлози, како кварталната пресметка на платите на лекарите, со што фактички нема да има намалување на платите, а тука е и предлогот за решавање на проблемот на разликата на платите меѓу лекарите и медицинските сестри. Во секој случај, преговарањето е тежок процес, во кој ние укажуваме на сите последиците од проектот “Плаќање по учинок“.

Претставниците на медиумите се интересираа дали е даден временски рок на преговорите и кога може да се очекува резултат, на што претседателот Каранфиловски рече дека за еден месец се надева на првите резултати.

Инаку Самостојниот синдикат за здравство во досегашните преговори укажуваше дека здравствениот систем е сложен и чувствителен систем и дека треба да се биде крајно внимателен поради можените негативни последици. Синдикатот исто така на 24 септември организираше получасовен прекин на работата во здравствените установи.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc