ВТОР СОСТАНОК НА УО НА ПРОЕКТОТ “ИНФОРМИРАНИ И ИСКУСНИ ЗА ОДРЖЛИВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

5.11.2012

05.11.2012_foto
Првиот состанок на Управниот одбор на Проектот, 9 октомври 2012 година (фото архива)

05.11.2012_scan1 05.11.2012_scan2
кликнете врз сликите за да ги зголемите

На 5 и 6 ноември во хотелот “Континентал“ во Скопје се одржа Вториот состанок на Управниот одбор на Проектот “Информирани и искусни за одржливо земјоделство“.

Цел на средбата беше разгледување на работата и комуникацијата на партнерството, прибирање и анализа на информациите во процесот на информирање и консултирање, проверка на напредокот на методологијата, ширење и публицитет на проектните резултати, одредување на концептот на транснационална конференција и други цели.

На средбата со свои излагања настапија менаџерот на проектот Светла Василева, претседател на синдикатот “FNZC“ од Бугарија, Валентина Василионова, координатор на проектот, Жан Пјер Клапуч од Европската федерација на синдикатите од прехранбената индустрија, земјоделството и туризмот (EFFAT).

Една од најбитните цели на проектот е постапување според Директивата 2002/14/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот, за поставување општа рамка за информирање и консултирање на вработените во Европската заедница.

Проектот “Информирани и искусни за одржливо земјоделство - подобрување на информираноста и консултативните капацитети на социјалните партнери во областа на земјоделството, за активно учество во работниот живот за одржливо земјоделство“се одржува со поддршка од Европската Комисија.

Партнери на Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на Македонија - Агро Синдикатот во овој проект се Федерацијата на независни синдикати од Бугарија, Синдикатот за земјоделство од Романија – “Агро Стар“, експерти од “ALPA“ - Италија, “IG BAU“ – Германија, FGA – CFDT од Франција,  и EFFAT – Европската федерација на синдикатите од прехранбената индустрија, земјоделството и туризмот.

Во рамките на проектот, покрај другите активности, ќе се одржат и неколку работилници во Македонија, Романија и Бугарија, каде ќе се подготват Национални насоки, како и Препораки во вид на брошура, во врска со информирањето и консултирањето во синдикатите од земјоделството.

Во текот на семинарите ќе бидат вклучени и експерти за колективно договарање, независни експерти, како и експерти од партнерите од старите земји – членки на Европската Унија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc