СОЛИДАРНА ПОДДРШКА НА ССМ НА ШТРАЈКОТ ВО “МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ “ – ПРИЛЕП

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
20.11.2012
20.11.2012_mermeren_kombinat2
Претседателот на ССМ Митревски меѓу вработените во “Мермерен комбинат“

Над 400 вработени од Мермерниот комбинат во Прилеп на 19 ноември ја прекинаа работата и побараа зголемување на платата за 30 отсто.

Со штрајкувачите беа претседателот на ССМ Живко Митревски, претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање – СГИП Павел Трендафилов, секретарот на СГИП Благуна Стојковска и претседателот на Регионалното синдикално претставништво во Прилеп Лазар Ангелески.

Претседателот на ССМ Живко Митревски и претседателот на СГИП Павел Трендафилов водеа разговори со синдикалното раководство и со менаџментот на претпријатието.

Според некои медиуми менаџментот има изјавено дека штрајкот е нелегитимен, меѓутоа, Синдикалната организација на “Мермерен комбинат“ на 26 октомври исто така организираше еднодневен штрајк, на кој донесе заклучок дека ако не се исполнат барањата на 19 ноември ќе се одржи тродневн штрајк.

- Просечната плата од 20 илјади денари е мала. Во последниве неколку години експлоатацијата на мермерот од рудникот Сивец годишно е зголемена од 8 илјади на 25 илјади тони - изјавија вработените за телевизијата.

Павел Трендафилов, претседател на СГИП, изјавува дека е несфатливо што менаџментот не ги започнува преговорите. Легитимно право на секој работник кој ги остварува нормите и нормативите да побара зголемување на платата, особено во профитабилна компанија, и тоа в услови кога за истата работа за која мермерци добиваат 300 евра во ЕУ сопствениците плаќаат по 3.000 евра.

Ако државата која планира да ги кастри трошоците, а не може да ги кастри, и ги усогласува личните доходи согласно порастот на личните трошоци, тогаш кој е “Мермерен комбинат“, односно менаџментот, на работниците да им кажат дека нема да им ја зголемат платата. Еднаш треба да сфатат дека немама да не мафтаат со казни, кривични пријави или поведување постапки. Штрајкот е апсолутно исправен, согласно законот, рече Трендафилов.

Претседателот на ССМ Живко Митревски објаснува дека преку колективниот договор може да се дефинираат и работните места, бонусите, надоместоците. ССМ инсистира на потпишување коелктивен договор со холандските сопственици. Преку колективен договор може да се решаваат сите сегашни и идни проблеми, кои евентуално би се јавиле. Доколку имаше потпишан колективен договор и доколку беше утврдена најјниска плата во рамките на комбинатот, немаше да се јават овие проблеми.

Додека траат преговорите со раководството не се експлоатира мермер во рудникот Сивец и не се преработува мермер во фабриката за преработка на мермерни блокови.

Инаку. прилепскиот производител на мермер, Мермерен комбинат Прилеп, прикажа нето загуба од 339 милиони денари (5,5 милиони евра) во 2011 година, за разлика од 2010, кога оствари чиста добивка од 563,5 милиони денари или околу 9 милиони евра. Во првите 9 месеци од годинава комбинатот бележи нето добивка од 70,8 милиони денари (1,15 милиони евра).

Мермерниот комбинат од Прилеп во 2009 година беше купен од два инвестициски фондови од Грција - „NBGI Private Equity“ и „Ethemba Capital“, кои заедно откупија 88,4 отсто од акциите на компанијата. Аквизицијата беше извршена преку холандска компанија за вадење и обработка на камен „ Stone Works Holdings.“ Актуелен мнозински сопственик на комбинатот сега е холандскиот инвестициски фонд „Stone Works Holdings Cooperatief.“

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc