ОДРЖАНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ НА ШЕСТ РЕГИОНАЛНИ СИНДИКАЛНИ ПРЕТСТАВНИШТВА НА ССМ ЗА ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА АКЦИЈА
14.11.2012

Синдикалниот актив на Велес на денешната конференција за печат
По повод Европскиот ден на акција денес шест регионални синдикални претставништва на ССМ одржаа прес конференции. Тоа се регионалните синдикални претставништва во Тетово, Битола, Прилеп, Делчево, Велес и Охрид.

Претседателот на РСП Охрид Драган Цветаноски со соработниците
Прес конференциите ги држеа секретарите на регионалните синдикални претставништва и претседателите на синдикалните организации на претпријатијата и установите од регионот. Пред локалните весници, телевизии и радија, како и дописништвата на националните новински куќи, беше прочитано обраќањето на ССМ до Владата (целосно е објавено на истиов портал) и исто така беа дадени одговори на конкретни прашања од новинарите за платформата за дејствување на ССМ.