ЗАКОНОТ ЗА МОБИНГ КРУПНА ПОБЕДА НА ССМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

11.11.2012
Портпаролот на Владата на Република Македонија Александар Ѓорѓиев на прес конференција изјави дека за 90 дена  треба да се донесе закон за мобинг. Портпаролот изјави дека донесувањето на новиот закон е по иницијатива на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Донесувањето на Закон за мобинг е крупна победа за Сојузот на синдикатите на Македонија. Посебниот закон за мобинг е придонес на ССМ во зачувувањето на работничките права и на усвојувањето и имплементирањето на европската работничка легислатива, што е темелна платформа на дејствување на ССМ,.

Од месец мај ССМ започна кампања за донесување посебен закон за мобинг и понуди свој предлог на текст за законот. Ова е трет пат за последните две години, кога ССМ донесува победа во донесувањето посебни закони со кои се зачувуваат правата на работниците.

Законот за мобинг е уште еден доказ дека ССМ се докажува во конкретни активности. Постојат критики за начинот на дејствување, но се докажа дека работата на ССМ вродува со конкретни плодови.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc