ЕВРОПСКИ ДЕН НА АКЦИЈА И СОЛИДАРНОСТ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

ЕВРОПСКИ ДЕН НА АКЦИЈА И СОЛИДАРНОСТ13.11.2012.
Европската конфедерација на синдикати на 14 ноември го одбележува Европскиот ден на акција и солидарност. Мотото на денот е “За работни места – НЕ за мерките за штедење“.

Синдикатите во сите европски земји се повикани да се придружат кон одбележувањето на денот. Тие избираат на кој начин ќе придонесат – со декларации, изјави, јавни поддршки, демонстрации, дефилеа или други активности. Со тоа синдикатите ќе го изразат спротивставувањето на мерките на штедење и од националните влади ќе бараат подобрување на европскиот модел на социјална држава.

Во продолжение ја објавуваме декларацијата на ЕТУЦ.

ДЕКЛАРАЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА НА СИНДИКАТИ

Ден на акција и солидарност на ЕКС според социјалниот договор на Европа

Декларација усвоена од страна на Извршниот комитет на ЕКС на состанокот одржан на 17 Октомври 2012 година


Извршниот комитет на ЕКС на состанокот од 17 октомври 2012 повика на акција и солидарност на 14 ноември 2012 година, со штрајкови, демонстрации, собири и други активности и мобилизирање на Европското синдикално движење според политиките на ЕКС како што е утврдено во социјалниот договор за Европа.

Тие го изразуваат своето силно противење на мерките за штедење, кои ја влечат Европа во економска стагнација, рецесија, како и кон продолжување на демонтирањето на европскиот социјален модел. Овие мерки, наместо да ја обноват довербата, служат само за  влошување на нерамнотежата и поттикнување неправди.

Додека ја поддржува стратегијата на чисти сметки, Извршниот Комитет смета дека рецесијата може да се запре само ако се олабават буџетските ограничувања и ако се елиминира нерамнотежата, со цел да се постигне одржлив економски раст и социјална кохезија, како и почитување на вредностите содржани во Повелбата на фундаменталните права.

Фискалната консолидација имаше поостар ефект отколку што првично беше проценето од страна на институциите како што се Европската Комисија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). ММФ сега признава дека тие погрешно го пресметале влијанието што мерките за штедење ќе ги имаат на растот. Оваа грешка има огромно влијание врз секојдневниот живот на работниците и граѓаните кои ЕКС ги претставува и ја доведува во прашање целата основа на политиките за штедење, поддржувани од Фискалниот Договор и наметнати од страна на Тројката (Troika).

Извршниот комитет забележа растечки отпор кај граѓаните и работниците во засегнатите земји и ја потврдува својата поддршка за синдикатите членки кои што се борат за пристојни работни и животни услови. Оваа ситуација произлегува од недостатокот на координација на економски политики и отсуство на минимални социјални стандард и ширум Европа. Во контекст на слободното движење на капитал, ова и даде слободно владеење на конкуренцијата меѓу државите, особено во областа на оданочувањето, трошоците за трудот и социјалните услови.

Тие повторуваат дека социјалниот дијалог и колективното договарање се централни за Европскиот социјален модел. Тие силно се противат на фронталниот напад на овие права, на национално и на Европско ниво. Извршниот комитет на ЕКС итно бара итно усвојување и транспозиција на Европските социјални партнерски договори кои во моментов се пред Советот.

Тие потсетуваат дека Синдикатите се обврзани со договор „да работат за одржлив развој на Европа врз основа на урамнотежен економски пораст и стабилност на цените, висококонкурентна социјална пазарна економија, со цел целосно вработување и социјален напредок и високо ниво на заштита и унапредување на квалитетот на животнатасредина". Тие понатаму потсетуваат дека поддршката на ЕКС за Лисабонскиотдоговор беше главно заснована на целосната примена на тие цели.

Тие истакнуваат дека се во тек дискусиите меѓу институциите и владите за потребата за понатамошни промени на договорот. Потребна е промена на насоката и да се даде приоритет на решавањето на кризата во согласност со трите столба на нашиот предлог Социјален договор за Европа, кој добива се поголема поддршка. Тој  е артикулиран околу социјалниот дијалог и колективното договарање, економското управување кон одржлив раст и вработување, и економска, даночна и социјална правда.

Тие инсистираат на тоа дека активната солидарност, социјалниот прогрес и демократската отчетност мора да бидат составен дел од Европскиот проект. Тие сметаат дека од суштинско значење е Протоколот за социјалниот напредок да се вклучи како составен и оперативен дел од било кој нов договор. ЕКС ќе го оцени секој нов чекор во европските интеграции на оваа основа.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc