ПРОМОВИРАНА КНИГАТА “НАШИ ПЕНЗИОНЕРСКИ ВРЕМИЊА“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

6.11.2012

Работниците и ветераните на трудот имаат многу заеднички интереси
Работниците и ветераните на трудот имаат многу заеднички интереси

Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа свечен собир, чиј повод беше промоција на книгата на претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија Драги Аргировски “Наши пензионерски времиња“.

На свечаноста присуствуваа претседателот на ССМ Живко Митревски, министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, градоначалникот на општина “Ѓорче Петров“ Сокол Митревски, потоа претставници на здруженијата на пензионери од земјата и голем број други гости.

По повод промоцијата Живко Митревски од името на ССМ на авторот Аргировски му предаде благодарница, при што истакна дека ова е повод, покрај потпишаниот Меморандум за соработка меѓу двете организации (на 8 октомври 2012 година), за продлабочување на соработката на двете организации. Двете организации имаат остварување заеднички стратешки цели, како што е нов и стабилен пензиски систем и остварување благосостојба на сите граѓани.

06.11.2012_foto_scan
кликнете врз сликата за да ја зголемите
Воведен збор за книгата “Наши пензионерски времиња“ даде Методија Тошевски, главен и одговорен уредник на весникот “Пензионер“, додека рецезенти беа Калина Спировска – Андоновска  и Васил Тоциновски.

Книгата е еден вид трактат на третото доба, со збирка на многу записи и белешки за пензионерите. Таа е белег на едно време и за едни години, за едно постоење на популацијата која поседува голем потенцијал создаван и собиран низ годините, изјави авторот Аргировски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc