КОНФЕРЕНЦИЈА НА “CISL – ISKOS“ и “ITUC PERC“ ЗА ПОЛОЖБАТА НА ЖЕНИТЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
Учесниците на конференцијата се сложија дека економската криза негативно се одразува врз положбата на жените
Учесниците на конференцијата се сложија дека економската криза негативно се одразува врз положбата на жените

“Зајакнување на капацитетите на работните жени и вмрежување во Западен Балкан“ е наслов на Регионалната конференција што, во организација на  Синдикалниот институт за соработка и развој “ISKOS“ на Синдикатот “CISL“ од Италија и на “ITUC PERC“  - Паневропскиот регионален совет на синдикатите од Југоисточна Европа на Меѓународната конфедерација на синдикатите, денес се одржува во Скопје.

 

На конференцијата, што се одржува со помош на Европската комисија, се присутни претставници на женските секции на синдикатите од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Б и Х - Република Српска, Црна Гора и Косово.

Гостите ги поздравија претседателот на ССМ Живко Митревски, претседателот на УНАСМ Слободан Антовски и Eниса Селимовиќ, раководител на ITUC PERC  - Канцеларија во Сараево.

Живееме во време на сложени односи со синдикатите. Светската економска и должничка криза  се одрразува и на агендата и на силата на синдикатите, особено врз програмските цели. Вкупната ситуација се одразува и врз положбата на вработените жени. Во Македонија пред транзицијата не постоеја поголеми проблеми од родовата еднаквост, меѓутоа со трансформацијата, приватизацијата и создавањето на приватниот сектор се менува и позицијата на вработените жени. Родовата нееднаквост е прашање што повторно излезе на сцена и затоа ние како синдикати мораме да ги редефинираме проблемите од овој карактер и да ги вклопиме во нашите агенди – истакна Живко Митревски во уводниот говор.

Ениса Селимовиќ рече дека синдикатите мора да соработуваат меѓу себе, затоа што во спротивно не ќе можат да се спротивставуваат на промените што ги поставуваат капиталот и владите.

Претседателот на УНАСМ Слободан Антовски посебно ги издвои жените работнички во текстилната индустрија. Тие работат во тешки услови, во некои средини им се забранува да основаат синдикални организации, така што во оваа индустрија голем процент на жени се синдикални незаштитени.

На конференцијата трите основни цели се тренинг на учесничките, договарање и отпочнување на национални кампањи и вмрежување на женските секции на синдикатите од регионот.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc