ЧЕСТИТКИ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА, ПРЕМИЕРОТ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
23.10.2012

По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски испрати срдечни честитки до претседателот на државата Ѓорге Иванов, претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељановски.

Го пренесуваме писменото обраќање на претседателот на ССМ.

“По повод Празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, во името на Сојузот на синдикатите на Македонија и во мое лично име, Ви упатувам искрени и срдечни честитки.

За Сојузот на синдикатите на Македонија овој Празник е од извонредно значење, бидејќи денес секој работник, секој граѓанин на Република Македонија, ги чувствува придобивките од извојуваната победа за национално ослободување и за социјална правда. Остварени се стремежите да живееме во современо, демократско општество во кое постои широк простор и можност за секого, со труд да ја обезбедува егзистенцијата, да ги изразува своите творечки и интелектуални способности, да учествува во зачувувањето и унапредувањето на работничките и граѓанските права и да придонесува во натамошниот економски и општ општествен просперитет на нашата држава.

Како организација на работниците, остануваме на определбата за социјална праведност, за почитување на правата од трудот, загарантирани со Уставот на Република Македонија и со законите од оваа област, кои се темелат врз меѓународните стандарди. За нас, ова е сигурниот пат за изградба на општество на благосостојба, за натамошен прогрес на нашето општество и негово интегрирање во европската заедница.“

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc