ЗАПОЧНУВА ПРОЕКТОТ “ИНФОРМИРАНИ И ИСКУСНИ ЗА ОДРЖЛИВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

9.10.2012

Состанок на Управниот одбор на Проектот
Состанок на Управниот одбор на Проектот

Започнат е проектот “Информирани и искусни за одржливо земјоделство - подобрување на информираноста и консултативните капацитети на социјалните партнери во областа на земјоделството, за активно учество во работниот живот за одржливо земјоделство“. Проектот се одржува со поддршка од Европската Комисија.

АГРОПартнери на Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на Македонија - Агро Синдикатот во овој проект се Федерацијата на независни синдикати од Бугарија, Синдикатот за земјоделство од Романија – “Агро Стар“, експерти од “ALPA“ - Италија, “IG BAU“ - Германија и EFFAT – Европската федерација на синдикатите од прехранбената индустрија, земјоделството и туризмот.

Во рамките на проектот, покрај другите активности, ќе се одржат и неколку работилници во Македонија, Романија и Бугарија, каде ќе се подготват Национални Насоки, како и Препораки во вид на брошура, во врска со информирањето и консултирањето во синдикатите од земјоделството.

Во текот на семинарите ќе бидат вклучени и експерти за колективно договарање, независни експерти, како и експерти од партнерите од старите земји – членки на Европската Унија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc