СЕМИНАР НА МЛАДИНСКАТА СЕКЦИЈА НА СГИП

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

8.10.2012

Членови на Секцијата на СГИП – идни синдикални лидери
Членови на Секцијата на СГИП – идни синдикални лидери

Низ годините, денес, а и во иднина ќе продолжат активностите на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на РМ – СГИП. Заедно со својата Секција на млади влегуваме во завршна фаза за оваа година со голем број на обуки во Републиката и регионот. За таа цел, од 05-07.10.2012 година во Хотел МВР во Охрид се одржа обука на млади членови при Секцијата на млади на СГИП. Тема на ова предавање беше Младинското синдикално лидерство. Предавач на обуката беше проф. д-р Константин Петковски. Присуствуваа 26 млади учесници од кои 8 женски и 18 машки учесници. Оваа обука се одржа со поддршка на СГИП и BWI.

Целта на овие обуки е да се зголеми бројот на млади активни членови во синдикатот за подобро информирање на членовите и ширење на мрежата на синдикалните претставници по компаниите поготово во делокругот на младите.

Оваа тема треба да ја слушнат сите млади кои се гледаат како идни лидери во синдикалните организации односно да се пронајдат самите тие дали навистина можат да се справат со предизвик од овој тип. Факт е дека покрај природните способности односно вродените квалитети кај луѓето треба и многу да се работи преку формално, а и преку неформално образование на оваа проблематика. Овој тип на обука им помогна на многу млади луѓе во подобрување на самодовербата како и надградување на речникот во понатамошните преговарања и договарања кај работодавачите. Целта е да се запознаат повеќе млади од различни компании и да се разменат нивните искуства. Само со такво информирање можеме да очекуваме ширење на младинската секција и зголемување на членството во синдикатот.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc